РК Ѓорче Петров
Ѓорче Петров ЖРК — женски македонски ракометен клуб од Скопје кој се натпреварува во македонската суперлига.
Ѓорче Петров ЖРК | |||
---|---|---|---|
Целосен назив | Женски ракометен клуб Ѓорче Петров | ||
Основан | 1979 | ||
Игралиште | Сала Христо Батанџиев | ||
Приемност | 500 | ||
Главен тренер | Симе Симовски | ||
Лига | Македонска Суперлига | ||
2021–22 | 1. место (шампион) | ||
Бои | |||
Клупски бои | |||
Дресови | |||
Под името Кометал Ѓорче Петров, клубот освоил 17 титули во македонската суперлига и 16 титули во македонскиот куп во периодот од 1993–2009 година. Во европски рамки, клубот бил европски шампион во 2002 година и европски вицешампион во 2000 и 2005 година.
Континуитетот на Кометал ЃП го продолжил клубот Ѓорче Петров кој во сезоната 2021–22 ја освоил 18. титула првак на Македонија.
Историја
уредиКлубот е основан во 1979 година под името Женски ракометен клуб Ѓорче Петров. До осамостојувањето на Македонија, ЖРК Ѓорче Петров се натпреварувал во сојузните лиги на поранешна СФРЈ, а по добивањето на независноста и формирањето национална ракометна лига, клубот станал синоним за македонскиот ракомет со освоени 17 титули во македонската суперлига и 16 титули во македонскиот куп.
Во својата прва европска сезона во Лигата на шампионите во 1993 година, по победата од 20–16 во Скопје над тогаш четирикратниот европски шампион Хипо од Виена, во ЖРК Ѓорче Петров како главен спонзор влегол „Кометал трејд“ на чело со Трифун Костовски, кој инвестирал во клубот, претворајќи го во европски ракометен шампион. Најголемите успеси на Кометал ЃП на меѓународна сцена се освојувањето на титулата европски шампион во сезоната 2001–02 година (победа над Ференцварош) и вицешампионските титули во сезоните 1999–00 (пораз од Хипо) и 2004–05 (пораз од Шлагелсе). Во 2002 година, Кометал ЃП го освоил европскиот суперкуп.
По заминувањето на главниот спонзор, управата на клубот одлучила клубот да згасне, а тоа се случило на 16 септември 2011 година.[1][2]
По згаснувањето на клубот, бил формиран нов клуб со првичното име ЖРК Ѓорче Петров од страна на Владимир Радиќ, кој долги години бил дел од стручниот штаб на Кометал Ѓорче Петров. На прославата на 20-годишнината од освојувањето на европската титула на Кометал Ѓорче Петров, поранешниот спонзор на клубот, Трифун Костовски и претседателот Иван Бојков ги предале титулите на новоформираниот ЖРК Ѓорче Петров, кој станал наследник на спортскиот континуитет и постигнувања на поранешниот европски првак Кометал Ѓорче Петров.[3]
Во сезоната 2021–22, Ѓорче Петров ја освоил својата осумнаесетта титула во суперлигата на Македонија и бил финалист во македонскиот куп, во кој бил поразен од Металург.[4]
Моментален состав
уреди- Состав за сезоната 2022–23
|
|
Титули
уреди- Македонија
- Македонска Суперлига:
- Златен (18): 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2022
- Златен (16): 1993, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009
- Европа
- Лига на шампиони:
- Златен (1): 2002
- Сребрен (2): 2000 и 2005
- Европски суперкуп:
- Златен (1): 2002
- Бронзен (1) : 2004
Поранешни истакнати играчи
уреди- Едуарда Аморим
- Ана Каролина Аморим
- Мирјета Бајрамоска
- Душица Ѓорѓиевска
- Елена Ѓорѓиевска
- Ленче Илкова
- Драгица Кресоја
- Оксана Маслова
- Наташа Младеновска
- Савица Мркиќ
- Гонца Нахчиванли
- Алегра Охоланга Локи
- Драгана Пецевска
- Јулија Портјанко-Николиќ
- Марија Штериова
- Веселинка Треноска
- Клара Боева
- Индира Кастратовиќ
- Гордана Нацева
- Андријана Будимир
- Олга Бујанова
- Наталија Тодоровска
- Валентина Радуловиќ
- Луминица Дину
- Нарциса Лекушану
- Јелиз Озел
- Татјана Медвед
- Анжела Платон
- Милева Велкова
- Мирјана Чупиќ
Наводи
уреди- ↑ РК Ѓорче Петров престана да постои Ohridnews; 9 септември 2011
- ↑ „Skopje: Kometal quits“.
- ↑ Кометал ги остави во аманет трофеите – Ѓорче Петров ја продолжува традицијата…(ФОТО) 24rakomet.mk; 19 мај 2022
- ↑ Куп-трофејот се врати во Автокоманда, ЖРК Металург го надигра Ѓорче Петров! gol.mk; 15 мај 2022
Надворешни врски
уреди- Профил на Eurohandball.com