Демократска унија за интеграција
Демократска унија за интеграција, скратено ДУИ (на албански: Bashkimi Demokratik për Integrim, скратено BDI) — македонска политичка партија која ги застапува интересите на Албанците во Македонија. Таа е најголемата етнички албанска политичка партија и трета најголема политичка партија во државата. Партијата е основана на 5 мај 2002 година, следствено на самоукинувањето на Ослободителната народна армија (ОНА), милитантна организација која била иницијатор на вооружениот конфликт во Македонија во 2001 година. Водачот на ОНА, Али Ахмети, е претседател на партијата од нејзиното основање.
Демократска унија за интеграција | |
---|---|
Водач | Али Ахмети |
Основана | 2002 |
Штаб | Мала Речица |
Идеологија | албански малцински интереси, проевропеизам |
Полит. положба | Центар-Лево |
Бои | сина |
Собрание | 18 / 120
|
Општини | 11 / 80
|
Мрежно место | |
bdi.mk | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Изборно минато
уредиПарламентарни избори
уредиНа парламентарните избори во 2002 година партијата освоила 12.1% од гласовите или 70% од албанското гласачко тело и 16 од 120 места во Собранието и го презела профилот – најголема етнички албанска политичка партија во државата. Од 2002 до 2006 година ДУИ учествувала во владејачката коалиција заедно со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и Либерално-демократската партија (ЛДП).
На парламентарните избори во 2006 година партијата оформила коалиција со Партијата за демократски просперитет (ПДП) и Демократската лига на Бошњаците. Оваа коалиција добила 12.2% од гласовите и 16 собраниски места. Иако ДУИ освоила најголем број на собраниски места меѓу етнички албанските партии, тринаесет, имајќи предвид дека нејзините владини партнери ги загубиле изборите, таа не била поканета да учествува во новата влада од страна на новоизбраниот премиер Никола Груевски. Нејзиното место го зазела втората по големина албанска политичка партија, Демократската партија на Албанците (ДПА). Сепак, по предвремените парламентарни избори во 2008 година, ДУИ се вратила во владата во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на Груевски.
На парламентарните избори во 2011 година ДУИ добила 10.2% од гласовите, освојувајќи 15 места, 3 места помалку од претходните избори. Најдобриот изборен резултат на ДУИ следувал на парламентарните избори во 2014 година кога добила 153,646 гласови или 14.2%, освојувајќи 19 собраниски места, но го добила најлошиот резултат две години подоцна на предвремените парламентарни избори во 2016 година, одржани за време на политичката криза во Македонија, кога добила 86,796 гласови или 7.5%.
Претседателски избори
уредиНиеден кандидат на ДУИ не успеал да се квалификува во вториот круг на претседателските избори во Република Македонија. Партијата имала свои кандидати за претседател на изборите во 2004 и 2009. На изборите во 2004 година, ДУИ го избрала Гзим Острени за свој кандидат за претседател кој освоил 134.208 гласови односно 14,8% од вкупниот број на гласови. На претседателските избори во 2009 година партијата го кандидирала Агрон Буџаку кој освоил 73.629 гласови односно 7,46% од вкупниот број на гласови
Финансиски извештаи
уредиСпоред завршната сметка на партијата, во 2016 година таа остварила приходи во износ од 378.500 евра (48.500 евра од членарини и донации), а нејзините приходи во 2015 година биле 563.500 евра (235.500 евра од членарини и донации). Притоа, најголем дел од приходите биле остварени врз основа на членарини и донации (718.000 евра). Од друга страна, вкупните расходи на ДУИ во 2016 година изнесувале 334.000 евра, а вредноста на имотот на партијата била 3.995.500 евра.[1]
Резултати од парламентарни избори
уредиГодина на избори | Водач | Број на гласови | % на гласови | Број на мандати | +/– | Влада |
---|---|---|---|---|---|---|
2002 | Али Ахмети | 145,615 | 12.18 | 16 / 120
|
СДСМ-ДУИ | |
2006 | 113,522 | 12.12 | 17 / 120
|
▲ 1 | Опозиција | |
2008 | 126,522 | 12.82 | 18 / 120
|
▲ 1 | ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ | |
2011 | 115,092 | 10.24 | 15 / 123
|
▼ 3 | ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ | |
2014 | 153,646 | 13.71 | 19 / 123
|
▲ 4 | ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ | |
2016 | 86,796 | 7.28 | 10 / 120
|
▼ 9 | СДСМ-ДУИ-АА | |
2020 | 104,699 | 11.48 | 15 / 120
|
▲ 5 | СДСМ-ДУИ-ДПА | |
2024 | 137,561 | 14.04 | 18 / 110
|
▲ 3 | Опозиција |
Наводи
уреди- ↑ Влатко Стојановски, „ВМРО-ДПМНЕ трупа недвижности, а ДУИ собира сè помалку донации!“, Фокус, број 1124, 21 април 2017, стр. 18-22.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница на ДУИ Архивирано на 11 јули 2012 г. (македонски)