Борис Змејковски

Политичар од Македонија

Борис Змејковскимакедонски политичар и државен функционер, поранешен пратеник во македонското Собрание од 1990 година.

Борис Змејковски
Роден 1956 (воз. 67–68 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање политичар, општествен деец и функционер
Сегашна партијаВМРО-ДПМНЕ
Поранешни партииВМРО-ДПМНЕ (генерален секретар) (1989-2000), ВМРО-ВМРО (Вистинска) (водач) (2000-2004)

Животопис

уреди

Змејковски е роден Скопје во 1956 година, со живеалиште во Горно Лисиче во поголемиот дел од неговиот живот.[1] Во младоста бил учесник на првиот „Илинденски марш“ со коњи, одржан во 1978 година, на релацијата од Горно Лисиче до Мечкин Камен кај Крушево.[2]

Уште додека бил директор на Спортската сала „Борис Трајковски“, Змејковски ја купил фабриката за производство на брусни камења „Иднина“ од Кратово, по цена од 800.000 евра, по што таа била преименувана во „Иднина Змеј“. Во 2010 година било обновено производството на оваа фабрика, по што таа продолжила да работи во кратовското село Туралево, а потоа во селото Ранковце.[3]

Политичка кариера

уреди

Змејковски бил еден од основачите и прв генерален секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Непосредно пред изборите во 1998 година, тој се судрил со Доста Димовска, по што продолжил да дејствува како фракционер во рамките на партијата. Сепак, по изборите, тој ја напуштил ВМРО-ДПМНЕ и основал нова партија - ВМРО-ВМРО (Вистинска), позната по тоа што во 2000 година учествувала во неуспешниот обид да ѝ се изгласа недоверба на владата на Љубчо Георгиевски. Во 2001 година, ВМРО-Вистинска станала дел од широката коалиција, но набргу дошло до судир меѓу Змејковски и тогашниот претседател на партијата Борис Стојменов, по што партијата излегла од коалиционата влада и продолжила да делува самостојно до 2006 година. Истата година, ВМРО-Вистинска била претопена во ВМРО-ДПМНЕ, по што Змејковски бил назначен за директор на спортската сала „Борис Трајковски“, функција која ја извршувал до 2010 година.[3]

Наводи

уреди
  1. http://www.sobranie.mk/?ItemID=851898643885FB458E09A660D8E1749D
  2. http://www.mn.mk/istorija/357
  3. 3,0 3,1 Влатко Стојановски, „Борис Змејковски, од основач на ВМРО-ДПМНЕ, до милионер-олигарх!“, Фокус, број 1102, 18 ноември, стр. 8-11.