Киро Хаџи Василев
Киро Хаџивасилев (Кавадарци, 1921 – Охрид, 2000) — македонски публицист, учесник во НОБ и општествено-политички работник во СР Македонија и СФРЈ[1].
Животопис
уредиРоден е 1921 во Кавадарци. Дипломирал на Институтот за општествени науки во Белград. Во НОБ се вклучил во 1943 година како борец на Втората македонска ударна бригада. Во 1944 година во Горно Врановци станал член на редакцијата на „Нова Македонија“. Бил дел од комисијата на АСНОМ за кодифицирање на македонскиот стандарден јазик.
По војната извршувал значајни општествено-политички функции. Во 1947 бил избран за министер за образование во Владата на СР Македонија[2].
Ги извршувал и функциите: Претседател на Советот за политички систем, Потпретседател на Сојузното собрание на СФРЈ, началник во Министерството за надворешни работи, Генерален конзул на СФРЈ во Истанбул. Одделно од ова, бил и член на Претседателството на ЦК СКЈ како претставник од СР Македонија.
Бил еден од покренувачите на списанието за литература, култура и уметност „Современост“.
Умрел 2000 година во Охрид.
Автор е на повеќе студии и монографии од кои најзначајни се „Социјализмот и националното прашање“ и „Судбината на социјализмот“.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 1576–1577. ISBN ISBN 978-608-203-024-1 (2) Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - ↑ „Службен весник на НР Македонија“ (PDF). 1947. стр. 12 стр.