Маркова кула (Кавадарци)
Марковата кула, позната и како Турска кула - кула во градот Кавадарци. Кулата е наведена како културно наследство на Македонија.[1]
Маркова кула Турска кула | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | кула |
Град | Кавадaрци |
Земја | Македонија |
Висина | ок. 20 м |
Градба
уредиКулата е градена од камен и малтер. Нејзините ѕидови достигаат дебелина од еден метар. По својата форма, таа е четвртеста и достигнува височина од околу 20 метри. Кулата е на пет ката. Првиот и вториот кат се без прозорци, а на четвртиот и петтиот кат се по три прозорци со железни решетки. На јужниот ѕид од четвртиот кат поставен е отвор за одбрана, а на петтиот постои отвор што служел за одвод на нечиста вода. Единствената врата е на вториот кат и пристапот до неа бил направен со камени скали.
Согласно до 2018 година, поради негрижа, покривот и внатрешната дрвени скалила со текот на времето се оштетиле и денес веќе ги нема.[2]
Историја
уредиИсториски е познато дека првите градски куќи во Кавадарци почнале да се градат околу Марковата кула[3], кон крајот на XVIII век. Постои поделено мислење околу изградбата и адаптирањето на кулата, но таа веројатно е подигната периодот на втората половина на 17 век[1] до XVIII век.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Оневозможен пристапот до Спомен кулата во Кавадарци, која е историско и културно наследство“. novamakedonija.com.mk преку web.archive.org. 18 октомври 2018. Архивирано од изворникот на 2018-10-18. Посетено на 6 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Јанчев: „Ќе ја заштитиме Mаркова кула во Кавадарци“. rtk.mk преку web.archive.org. 18 октомври 2018. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 6 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Споменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје, 1980