Атанас Калчев
Атанас Калчев (1883 - 1944) — македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација и контрачетник во текот на бугарската окупација на Вардарска Македонија во Втората светска војна.
Атанас Калчев | ||
Роден | околу 1883 | |
---|---|---|
Починал | 1944 |
Животопис
уредиАтанас Калчев е роден околу 1883 година во Кавадарци, тогаш Османлиското Царство, денес Република Македонија. По убиството на српски полицаец влегува во четата на Михаил Шкартов. Од летото 1925 година бил војвода во Тиквеш заедно со Стојан Антов.[1]
За време на Втората светска војна ја поддржува бугарската власт во Вардарска Македонија и ја формира Кавадаречката контрачета, која се бори против партизаните. Во 1943 година неговата контрачета го фатила свештеникот поп Шаќо, при што тој бил безмилосно тепан и измачуван за да ги каже неговите врски со партизаните.[2] Калчев бил убиен од комунистичките власти во 1944 година.[3]
Иван Михајлов напишал за Калчев и Антов:
Калчев беше храбар човек, но малку груб и необразован. Стојан Антов беше исто така храбар, но прилично бурен човек, иако неговото образование не беше големо. [4]
Наводи
уреди- ↑ Баждаров, Ѓорѓи. Моите спомени, Софија, 2001.
- ↑ Петре Камчевски, „60 години од смртта на илинденецот и делегат на АСНОМ - Јован Ѓелов Поп Шаќо“[мртва врска], „Кав’даречки весник“, број 110, 2 мај 2014, 7 стр.
- ↑ Николов, Борис Ј. Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација. Војводи и раководители (1893-1934). Биографски-библиографски директориум, Софија, 2001, стр 70.
- ↑ Михајлов, Иван. Спомени II. Ослободителна борба 1919 - 1924, Лев, 1965, стр 154.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |