Факултет за природни и технички науки - Штип

Факултет за природни и технички науки - Штип
Виддржавен
Основан2007
Деканпроф. д-р Зоран Десподов
МестоШтип, Република Македонија
ПрипадностУниверзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
frgp.ugd.edu.mk

Историјат

уреди

Во Штип веќе повеќе години опстојува Факултетот за природни и технички науки, како високообразовна институција во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна преминува во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Основањето на Рударско-геолошкиот факултет во Штип во 1977 година е една од мерките за остварување на политиката на развој и дисперзија на високото образование во Македонија. Од 15.1.2007 година Рударско-геолошки факултет беше преименуван во Факултет за рударство, геологија и политехника, а од 7.6.2007 година Факултетот се спојува со Универзитетот „Гоце Делчев“Штип, а во јануари 2009 година е променето името во Факултет за природни и технички науки. Денес Факултетот врши повеќе дејности, од кои наставата и понатаму останува како основна и најзастапена дејност. Факултетот за природни и технички науки има единствена мисија која може да се подели во три главни дела:

  • давање на продлабочени знаења на кандидатите, односно студирање на дадена област,
  • научноистражувачка работа, како втора незаменлива компонента, и
  • апликативна дејност, односно десеминација на знаењето преку различни типови на проекти во стопанството.

Факултетот остварува соработка со голем број на сродни универзитети од Европа и пошироко (ROYAL Holloway University - London, École de Mines - Париз, Универзитетот во Падова, рударско-геолошките факултети во Бугарија, Словенија, Србија, Чешка, Русија и др.) и голем број на стопански субјекти во земјава[1].

Организација и структура

уреди

Функцијата декан на Факултетот за природни и технички науки ја врши проф. д-р Зоран Десподов. Студиските програми е организирани во:

Носител на студиите е Факултетот за природни и технички науки, а реализатор на студиите се катедрите кои се составен дел на Факултетот за природни и технички науки, а тоа се[2]:

  • Институт за геологија
    • Катедра за геологија и геофизика
    • Катедра петрологија, минералогија и геохемија
    • Катедра за наоѓалишта на минерални суровини
    • Катедра за хидрогеологија и инженерска геологија
    • Катедра за географија
  • Институт за архитектура и дизајн
    • Катедра за архитектура
    • Катедра за компјутерски дизајн
    • Катедра за дизајн и технологија на мебел и ентериер
  • Институт за рударство
    • Катедра за минерална технологија
    • Катедра за површинска експлоатација
    • Катедра за подземна експлоатација
    • Катедра за логистика и животна средина
  • Институт за градежништво
    • Катедра за градежно инженерство
    • Катедра за геотехнологија

Прв циклус на студии

уреди

Наставата на Факултетот природни и технички науки се одвива преку предавања, аудиторски, лабораториски вежби и теренска настава. За проверка на знаењата во текот на семестарот се организираат по два колоквиума од секој предмет, со што студентите се мотивираат да учат континуирано и на крајот се изведува завршен испит од предметот. Во текот на семестарот, студентите работат домашни задачи и семинарска работа. Врз основа на сите овие активности, се оформува конечната оценка од предметот. Завршниот испит се полага по неговото слушање, на крајот од семестарот, откако студентот ќе стекне право за негово полагање. Студентите имаат три редовни сесии на располагање во годината: јануарска, јунска и септемвриска. Во првиот циклус на студии на Факултетот природни и технички науки се изучуваат следниве студиски програми[3]:

  • Географија
  • Рударство
  • Геологија
  • Инженерство на животна средина
  • Индустриска логистика
  • Градежништво
    • градежно инженерство- модул транспортна инфраструктура
    • градежно инженерство - модул геомеханика
  • Архитектура и дизајн
  • Биологија

Со завршувањето на четиригодишните студии, студентите се стекнуваат со звањето: дипломиран инженер геолог (според името на одбраниот модул) или дипломиран рударски инженер (според името на одбраниот модул).

Со завршувањето на тригодишното студирање, студентите се стекнуваат со звањето: инженер геолог по (името на одбраниот модул) или инженер рудар по (името на одбраниот модул)

Со завршувањето на тригодишното студирање, студентите се стекнуваат со звањето:

  • инженер по нови технологии и материјали
  • инженер по геотехнологија
  • инженер по геоекологија
  • инженер по компјутерски дизајн
  • инженер по индустриска логистика
  • инженер по индустриски менаџмент.

По завршувањето на студиите, потенцијални можности за вработување се руднички и градежни претпријатија, научнообразовни и научноистражувачки институции, проектантски претпријатија и бироа, јавна администрација, претпријатија за експлоатација на вода, консултантски и ревизорски куќи и слични работни места.

Втор и трет циклус на студии

уреди

Во вориот циклус на студии на Факултетот природни и технички науки се изучуваат следниве студиски програми[4]:

  • Рударство
    • Површинска експлоатација
    • Подземна експлоатација
    • Минерална технологија
  • Геологија
    • Петрологија, минералогија и геохемија
    • Хидрогеолофија и инженерска геологија
    • Геологија и геофизика
  • Градежно инженерство
    • Транспортна инфраструктура
    • Геомеханика
  • Архитектура и дизајн
    • Пејзажна архитектура
    • Дизајн и технологии на мебел и ентериер
    • Индустриска логистика
    • Инженерство на животна средина - 120 EKTS
    • Модул: Инженерство на работна средина - 60 EKTS
    • Модул: Инженерство на животна средина - 60 EKTS

Во третиот циклус на студии на Факултетот природни и технички науки се изучуваат следниве студиски програми [5]:

  • Рударство
  • Применета геологија и геофизика

Студиските планови се составени од задолжителни и изборни предмети. Изборот на предметите кандидатот го врши во соработка со менторот и раководителот на академски универзитетски студии. На овој начин е овозможено кандидатот да учествува во создавањето на сопствена програма за студирање што го води кон магистерско звање. Со одбраната на магистерскиот труд, кандидатот се здобива со академски степен магистер на технички науки. Во дополнение на звањето магистер на технички науки се назначува потесната специјалност во зависност од предметите кои ги избрал. Во рамките на Факултетот за природни и технички науки се реализираат трет циклус на студии (докторски студии), според Правилникот за докторски студии на Универзитетот.

Научноистражувачка дејност

уреди

Во рамките на постоењето на Факултетот за природни и технички науки, соработката со стопанството секогаш била двонасочна, како и ефектите од таа соработка. За ваквата констатација зборува и фактот дека голем број истакнати научни и стручни работници од стопанството биле вклучени во наставниот и научноистражувачкиот процес. Покрај активната соработка со стопанските институции, Факултетот оставил посебен белег и во соработката со други високообразовни институции во рамките на нашите универзитети. Факултетот има соработка со сродните меѓународни институции. Меѓународната соработка на Факултетот за природни и технички науки се реализира на повеќе начини, и тоа: учество на конгреси, семинари, симпозиуми и слично; размена на научници и наставници како визитинг-професори со сродните факултети во некои европски земји; менторство во магистерски и докторски трудови; учество во заеднички научноистражувачки проекти; користење на стипендии за специјализација или постдипломски студии и слично. Меѓународната соработка на Факултетот за природни и технички науки се огледа и во конкретната соработка со размена на визитинг професори. За посебно одбележување се визитинг-професорите од Институтот „Макс Планк“ во Мајнц, Германија; Универзитетот "Royal Holloway" во Лондон; „Гетинген“ - Германија; Карлов универзитет во Прага и други. Особено значајна меѓународна соработка Факултетот остварува во полето на усовршувањето на своите кадри, при изработката на нивните магистерски и докторски тези. Тука за посебно одбележување се: добивањето на поединечните грантови, поддршката од меѓународните финансиски институции за магистрантите и докторандите, поддршката за научните престои и особено специјализациите. Во тој контекст нашите, особено млади кадри имаат престојувано во повеќе сродни меѓународни институции од редот на: Нирнберг, Мајнц, Хајделберг и други во Германија; Виена и Леобен во Австрија; Лондон, Бирмингем, Глазгов и други во Велика Британија; Падова, Болоња и други во Италија; Оклахома, Вашингтон, Бостон и други во САД; Варшава и Краков во Полска; Прага во Чешка; Братислава во Словачка; Москва во Русија; Париз и Нанси во Франција и други[6].

Наводи

уреди
  1. „Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки - Штип - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2013-09-06. Посетено на 2013-03-06.
  2. „Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки - Штип - „Катедри и институти". Архивирано од изворникот на 2013-06-30. Посетено на 2013-03-06.
  3. „Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки - Штип - „Прв циклус на студии". Архивирано од изворникот на 2013-03-30. Посетено на 2013-03-06.
  4. „Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки - Штип - „Втор циклус на студии". Архивирано од изворникот на 2013-02-14. Посетено на 2013-03-06.
  5. „Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки - Штип - „Трет циклус на студии". Архивирано од изворникот на 2013-08-19. Посетено на 2013-03-06.
  6. Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки - Штип - „Наука и истражување“[мртва врска]

Надворешни врски

уреди