Петар Ангелов
Петар Ангелов (8 март 1977, Кавадарци), познат под прекарот Диви, ― македонски ракометар, кој игра на позицијата голман. Тој го носи прекарот „Диви“ поради неговата способност да направи добра атмосфера, како на теренот така и на трибините, особено при неговите одбрани.
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Петар Ангелов | ||
Роден(а) |
8 март 1977 Кавадарци, СР Македонија, СФРЈ | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 188 | ||
Тежина | 103 кг | ||
Позиција | Голман | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Кремс | ||
Број | 26 | ||
Сениорски клубови | |||
1997–2000 2000–2005 2005–2009 2009–2010 2010–2013 2013–2017 2017–2018 2018– |
Кавадарци Пелистер Трембле Вардар ПРО Металург Вардар Анталијаспор Кремс | ||
Репрезентација 1 | |||
2002–2016 | Македонија | 138 (7) | |
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат за 29 јануари 2012 |
Животопис
уредиПетар Ангелов е оженет и е татко на три деца.
Кариера
уредиВо својата плодна кариера, Ангелов има играно во македонските ракометни клубови Кавадарци, Металург, Пелистер и Вардар, како и во францускиот Трембле.
Особено блескави настапи, Ангелов остварил во дресот на „Вардар“, каде дошол во 2013 година. Така, во Лигата на шампионите, во сезоната 2013-2014, во осминафиналниот натпревар против „Хамбург“, како и во четвртфиналниот натпревар против „Флензбург“, Ангелов имал голем придонес во победите на „Вардар“. Во декември 2014 година, тој го продолжил договорот со „Вардар“ на уште две години, до јуни 2017 година.[1]
На почетокот на 2018 година, тој потпишал за австрискиот клуб Кремс.[2]
Репрезентативна кариера
уредиАнгелов бил стандарден македонски репрезентативец во периодот од 2002–2016 година, и бил дел од составот на македонската репрезентација на Светското првенство 2009 како и на Европските првенства одржани во 2012 и 2014 година. Ангелов исто така бил дел од македонскиот состав на Светското првенство 2015.
Наводи
уреди- ↑ „Ангелов уште две сезони во Вардар“, Дневник, година XIX, број 5657, петок, 2 јануари 2015, стр. 22.
- ↑ „Диви“ ќе го брани австрискиот Кремс Спортмедија; 5 февруари 2018
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |