Димитар Пинџур
(Пренасочено од Диме Пинџуров)
Димитар (Диме) Пинџур — македонски револуционер, војвода во ВМОРО, еден од главните водачи и организатори на Тиквешкото востание (15 – 26 јуни 1913).
Роден е во тиквешкото село Ваташа.[1] Неговата мајка Наца Арсова Пинџурова (исто така деец на ВМОРО), во текот на востанието е ѕверски мачена и убиена од српските окупатори и агресори.[2][3] Пинџуров учествува и во Првата светска војна и загинува во битка кај тиквешото село Криволак, во ноември 1915 година.
Диме Пинџур е татко на Страшо Пинџур, македонски партизан и борец против бугарската окупација во Македонија за време на Втората светска војна.
Наводи Уреди
- ↑ „Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства“, София, 1918, стр. 107.
- ↑ Неготино се претворилo во пекол, цели фамилии гореле во огнот, в. Утрински весник, 4.08.2007 г.[мртва врска]
- ↑ Петре Камчевски: Тиквешкото востание остави длабока трага во историјата на тој крај, Агенция Фокус, 6.07.2008 г.