Данчо Бањански (р. 10 јануари 1948 во Кавадарци) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 1962 година како глумец аматер почнал да игра претстави во Театарот во Кавадарци, во 1972 година се вработил и останал сè до неговото пензионирање во Театар Кавадарци.

Данчо Бањански
Роден 10 јануари 1948(1948-01-10)(76 г.)
Кавадарци, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогите во:
Каца
Македонски народни приказни
Занимање глумец

Филмографија

уреди

Бањански има остварено бројни филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1985 Од зад грб ТВ-филм
1997 Македонски народни приказни ТВ-серија
1999 Каца ТВ-филм Димо
2000 Погрешно време ТВ-серија
2005 Лудомарини лакардии ТВ-серија
2013 Тиквешко востание ТВ-серија
2014 Женски итроштини ТВ-филм
2015-2016 Кавадаречки народни приказни ТВ-серија
2017 Македонски народни приказни ТВ-серија
2020-2024 Кавадаречки народни приказни ТВ-серија
2023 Фениксот од Кавадарци ТВ-филм

Награди

уреди
  • Прва награда за епизодна улоги за ликот Буки во претставата „Венчаница“ на републичкиот натпревар „Аматерски смотри“ во Битола (1962)
  • Прва награда за машка улога за улогата Тој во претставата „Бумеранг“ на југословенскиот натпревар на Драмски смотри (1970)
  • Прва награда за изведбата на „Очи“ од Ацо Шопов Републички натпревар во Србија (1976)
  • Прва награда за машка улога за претставата „Незакопани мртовци“ од Жан Пол Сартр
  • Награда за најдобра машка улога „Свадба“ од Васил Иљоски од жирито на републичкиот натпревар во Струмица
  • Прва награда за најдобра машка улога за ликот Давид Штрбац од претставата „Јазовец пред суд“ на републичките Драмски смотри во Битола
  • Награда „7 Септември“ на Општина Кавадарци (2022)

Наводи

уреди
  1. „Danco Banjanski“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.