Димо Дулот
Димо Димов Дулот (р. 9 август 1952 во Ваташа, Кавадарци) — македонски музичар, виолинист и пејач.
Димо Дулот | |
---|---|
Роден(а) | 9 август 1952 Ваташа, Кавадарци |
Потекло | Македонија |
Жанрови | народна музика |
Занимања | виолинист пејач |
Период на активност | 1962 - сè уште |
Животопис
уредиДулот уште од најрана возраст се занимава со музика, од својата 10 годишна возраст, почнува да свири на виолина, свирејќи со неговиот татко "Мило Димов Дулот" на свадби со Ваташка Чалгија. Во неговата музичка кариера има снимено многу песни како виолинист и пејач. Бил член на неколку групи во: Ваташка Чалгија, Група Кавадарка, Група Македонија и Тајфата на Димо Дулот. Во 90-десеттите години ја оформува Група Македонија бил виолинист и пејач. Во 2000-дитте ја формира Тајфата на Димо Дулот каде била долги години под негово раководство. Негови познати песни како пејач се: Во ноќта тивка, Герданот ми тропна, Бог да бие Русе, Три години станаа, Нешо пиле, Ајде, ајде Фато, Тиквеш Тиквеш, Антице мори Душице, Туберколузно девојче и Ајде мили сине. Има снимено и три касети со Ваташка Чалгија, за потребите на Радио Кавадарци, една касета со Група Македонија и Тајфата на Димо Дулот. Тој има снимено и ЦД со народни ора и песни со Стефче Стојковски во 2010 година.
Од 2023 година, е еден од организаторите на фестивалот за "Чалгиска музика" во Моклиште, Ваташа, каде настапуваат чалгии и пејачи од цела Македонија, каде тој настапува со Ваташка Чалгија.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Прв фестивал на Чалгиска музика се одржа во Ваташа“. МИА. Посетено на 13 јули 2024.