К-15 — популарно македонско хумористично телевизиско шоу кое започнало во средината на 1990-тите години и претежно е во формат на епизоди составени од кратки хумористично-сатирични скечови на македонски јазик. К-15 како термин се користи и за други проекти, не само во контекст на хумористичните тв серии туку и било кој друг настап на познатата група, како на пример песните од Дуо трио, рекламите кои тие ги снимаат или гостувањето во други емисии и филмови како Балкан Кан.

К-15
Tv k15 logo.gif
ЖанрКомедија
Создадена одВаско Тодоров, Љупчо ,,Бубо" Каров, и Бранко Огњановски
Земја на потеклоМакедонија Македонија
Првичен јазикмакедонски
Бр. на сезони19
Продукција
Времетраење4-10 мин. еден скеч
Прикажување
Првична мрежаА1 (1994-2002),

Сител (2002-2006), Канал 5 (2006-2007), МТВ 1 (2007-2008), К-15 ТВ (2008),

Алфа ТВ (2009-2013)
Сликов формат4:3 (1994-2008) 16:9 (2008-2013)
Првично прикажување23.11.1994 – 30.03.2013
Надворешни врски
Мрежна страницаyoutube.com/user/panikamile

Поврзано, Дуо трио.

К-15 е основано и оригинално го сочинуваат Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавуваат и други глумци. Тројцата основачи се исто така и дел од сценаристите и режисерите.

ИсторијаУреди

Тројцата ликови решиле да создадат единствена работна можност за себе — неделно хумористично шоу кое не само што ќе им обезбеди месечна плата туку и ќе ги забавува сите оние кои живеат, знаат, или имале искуство со социјалната и културната ситуација во Македонија. Првата епизода била емитувана на 23 ноември 1994 година на А1 телевизија. Шоуто К-15 оттогаш обезбедува силна социјална, политичка и економска критика особено на нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите, табу-темите и животната средина. К-15 шоу било емитувано на повеќе телевизиски канали, имено на МТВ 1, Сител, А1, Алфа ТВ, К-15 ТВ, Канал 5 Телевизија. Во 2008 година, уредниците на К-15 се одлучиле да формираат свој независен телевизиски канал познат како К-15 Телевизија. Каналот претежно емитувал македонска музика со повремено емитување на скечови и реклами од К-15. Каналот бил достапен и преку сателитската телевизиска мрежа.По низа финансиски проблеми на самата продукција,последниот серијал (циклус) завршува на 30.03.2013.Воедно тоа е и датумот на последната емитувана епизода.Одлуката за престанокот на емисијата следува неколку месеци подоцна соопштена од Бубо Каров,на големо разочарување на сите гледачи.

Сезони (циклуси) по број и име Број на

Епизоди

Почеток Крај Канал на емитување
01 13 23 Ноември 1994 17 Јуни 1995 А1 Телевизија
02 8 25 Ноември 1995 24 Февруари 1996 А1 Телевизија
03 (Оплеменувачи На Иверици) 15 23 Ноември 1996 07 Јуни 1997 А1 Телевизија
04 (Далтонисти) 15 22 Ноември 1997 06 Јуни 1998 А1 Телевизија
Новогодишна епизода (вон сезона) 1 31 Декември 1998 А1 Телевизија
05 (За Сите) 8 18 Март 2000 24 Јуни 2000 А1 Телевизија
Новогодишна епизода (вон сезона) 1 31 Декември 2000 А1 Телевизија
06 (12:05) 7 21 Април 2001 07 Јули 2001 А1 Телевизија
Новогодишна епизода (вон сезона) 1 31 Декември 2001 А1 Телевизија
Предизборна епизода (вон сезона) 1 07 Септември 2002 Сител ТВ
07 (К-15 ШооУ!!) 6 21 Декември 2002 01 Март 2003 Сител ТВ
08 (К-15 ТХЕ БЕСТ ОФ) 9 17 Мај 2003 12 Јули 2003 Сител ТВ
09 (К-15 ШОУ!) 8 06 Декември 2003 17 Април 2004 Сител ТВ
10 (10 Години К-15) 14 20 Ноември 2004 25 Јуни 2005 Сител ТВ
11 (Фарбање) 8 04 Декември 2005 11 Март 2006 Сител ТВ
12 (Фарбање - Втора Рака) 6 22 Април 2006 01 Јули 2006 Канал 5 ТВ
13 (Шмирглање) 16 18 Ноември 2006 03 Март 2007 Канал 5 ТВ
14 (На Прва) 12 21 Април 2007 07 Јули 2007 МТВ 1
15 (Втора На Прва) 16 17 Ноември 2007 01 Март 2008 МТВ 1
16 (К-15 На К-15 Телевизија) 8 17 Мај 2008 05 Јули 2008 К-15 ТВ
17 (Рекапитулација) 20 12 Декември 2009 12 Јуни 2010 Алфа ТВ и К-15 ТВ
18 (Лубриканти) 12 10 Декември 2011 25 Февруари 2012 Алфа ТВ
19 (Лубриканти 2) 16 16 Декември 2012 30 Март 2013 Алфа ТВ

Главни ликовиУреди

 
Љупчо Бубо Каров
  • Миле Паника (Бранко Огњановски) е еден од трите најкаракеристични и најпопуларни ликови особено популарен на почетоците на К-15. Миле Паника има карактеристичен изговор (или говорна маана) и често употребува српски (југословенски) изрази за дополнителен хумористичен ефект на неговите реплики.
  • Тошо Малерот (Васко Тодоров) е еден од трите најкаракеристични и најпопуларни ликови особено популарен на почетоците на К-15. На Тошо најчесто му се случиваат незгоди и неправди, па оттаму и неговиот прекар Малерот. Тошо често користи скопски сленг и е познат по фразата „батка“ која ја користи кога се обраќа некому, но и по навика.
  • Цацко Конопишки (Бубо Каров) е еден од трите најкаракеристични и најпопуларни ликови особено популарен на почетоците на К-15. Цацко потекнува од Конопиште, Кавадаречко (како и Бубо Каров кој е од Кавадарци) и често зборува со специфичен кавадаречки дијалект за дополнителен хумористичен ефект на неговите реплики.
  • Ристо (Васко Тодоров) е еден од двајцата ликови кои претставуваат стереотипичен македонски земјоделец. Ристо е од струмичко-радовишкиот крај и зборува на дијалект. Исто така често (и смешно) во својот говор ја користи фразата „разбираш“ како дел од сленгот или дијалектот.
  • Блажо (Бранко Огњановски) е еден од двајцата ликови кои претставуваат стереотипичен македонски земјоделец. Блажо е исто така од струмичко-радовишкиот крај и зборува со соодветен дијалект. Најчесто Блажо се појавува во тандем со Ристо.
  • Полицаецот (Васко Тодоров) е лик кој го отликува стереотипот за полицајците во Македонија. Најчесто неименуван, тој има карактеристики на смотан и не многу учен човек.
  • Албанецот (Бранко Огњановски) е стереотипичен лик кој најчесто се појавува во скечови каде што се прави сатирична критика на меѓуетничките односи меѓу Албанците и другите националности во Македонија (претежно Македонците). Овој лик некогаш е именуван иронично како Зоран (што е нетипично албанско име, особено изговорено со неговиот акцент) и е познат по тоа што е снаодлив и успева да излезе како добар и умен иако не секогаш е. Ликот е познат по тоа што има изговор како стереотипичниот албанец од Македонија.
  • Гркот (Бранко Огњановски) е лик кој најчесто се појавува со перика од долка виткана (налик на афро фризура) коса и ги изговара македонските зборови со специфичен акцент како грк. Овој лик некогаш е именуван како Јорго и има улога на надреден и е на повисоко социјално ниво од Македонците и често има навредлив и понижувачки однос кон нив.
  • Охриѓанецот (Бранко Огњановски) е лик кој претставува стереотипичен охриѓанец и познат е по охридскиот дијалект и нетрпеливоста со скопјаните, особено во туристички контекст. Овој лик некогаш, но ретко е именуван како Климе (или Наум, Наумче)
  • Џони Џанак (Бранко Огњановски) е стереотипичен македонски наркоман, често прикажуван издрогиран или во криза, говори споро со наркомански сленг и ја користи фразата ,,џони".

Други ликовиУреди

  • Бапчо (Емануел Тасев) е лик кој настапувал заедно со групата во периодот 1994 - 1997 година.Посебно се истакнува во третиот циклус ,,Оплеменувачи на иверици'' во таканаречените долгометражни епизоди. Бабчо бил особено популарен, а во една прилика Бранко Огњановски изјавил дека тој е извонреден лик.По завршувањето на третиот серијал се повлекува целосно од К-15,од непозната причина за јавноста.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди