ОУ „Страшо Пинџур“ - Кавадарци

основно училиште во Македонија


Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Кавадарци; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во градот Кавадарци, Општина Кавадарци.[1]

Страшо Пинџур
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Кавадарци
Наречено по: Страшо Пинџур
Нас. место: Кавадарци
Адреса: ул. „Димката Ангелов Габерот“, бр. 3
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1956; пред 68 години (1956)
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место strashopindzur.edu.mk/

Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.

Историја

уреди

Зградата на училиштето започнала да се гради 1939-1940 година како Нижа гимназија (позната како Старата гимназија), а изградбата била завршена во 1941 година, но не работела бидејќи во неа биле сместени војници на Кралството Југославија.

Зградата имала 10 училници, две канцеларии, два кабинета и неколку помошни простории. За време на бугарската окупација имало два класа со вкупно 67 ученика, а наставата се одвивала на бугарски јазик. Во 1945 година била преобразувана во Народна гимназија и како таква работела сè до 1956 година кога била преобразувана во основно училиште „Страшо Пинџур“.

Во состав на училиштето работат: од 1975 година посебни паралелки, од 1992 година полни подрачни училишта во Дреново и Возарци од I до IX одделение и ученички дом-интернат во Дреново, а во Марена од I до V одделение. Во училиштето од 2001/02 година работи дневен престој за сите ученици од општината.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-08.
  2. „Краток историјат за училиштето и патронот“. komspi.mk. 3 март 2014. Посетено на 17 декември 2020.