Статер

древномакедонска парична единица и единица за маса

Статер била античка македонска монета која циркулирала од околу 700 п.н.е. до 50 н.е. Била многу употребувана и од келтските племиња. Оваа единица мошне често ја употребувале и македонските кралеви.

Статер (дидрахма) на македонскиот крал Аминта III

Според првичните монетковања на оваа монета, како во Атина, статерот вредел една тетрадрахма (4 драхми), иако на други места зборот „статер“ се применувал за монетата дидрахма (2 драхми).

Постоел и „златен статер“, но се ковал само на некои места, и бил главно пресметковна единица со вредност од 20-28 драхми, зависно од местото и времето, со тоа што атинската единица вредела 20 драхми. (бидејќи златниот статер тежел околу 8.5 грама, двапати повеќе од драхмата, додека паритетот злато:сребро, по извесно отстапување, бил утврден на 1:10) Најпознатите видови на златен статер се оној од 28 драхми наречен Кизикенос од Кизик, и златните статери сковани во Галија кои галските родоначалници ги обликувале по урнек на оние на Филип II Македонски, кои биле донесени на Западот од платениците кои служеле во неговата војска, или во војските на Александар или неговите наследници.

Надворешни врски

уреди