Кадмо
Кадмо — лик од старогрчката митологија. Според митот син на Агенор и Телефаса(позната и како Агриопа). Тој бил брат на Европа, а имал и четири браќа Фојникс, Килик, Таса и Финиј. Неговото потекло се поврзувало и со Либија и Посејдон. Често прикажуван и како Феникиски кнез или крал.
Етимологија
уредиСпоред некои етимолошки анализи името има потекло од Феникискиот јазик, семитски јазик сроден со еврејскиот и арапскиот. Според овие видувања името можело да означува „исток„, или пак „древен“, „првороеден“ итн.
Митологија
уредиПотрага по сестрата Европа
уредиКадмо со своите браќа тргнал да ја пронајде сестра си Европа која Зевс ја грабнал и умешно сокрил од очите на смртните. Браќата се разделиле тргнувајќи на различни страни. Кадмо пловел со брата си Телефас кон островот Род. Тој ја почитувал Атена и ѝ подигал храмови. По смртта на брат си Телефас, Кадмо заминал во пророчиштето во Делфи, каде што Питија го посоветувала да ја напушти потрагата и да тргне по кравата и да согради град на местото каде што таа ќе падне изнемоштена.
Исполнување на пророштвото
уредиКога кравата паднала изнемоштена тој од другарите побарал да ја жртвуваат на Атена. Ги пратил другарите на извор со света вода, но таму била огромна змија што повеќето од нив ги убила, но тој ја убил неа. Откако принел жртва, пред него се појавила самата божица која го посоветова забите од змијата да ги закопа во земјата, а од нив излегле „посеани луѓе“. Но поради убиството на змијата Кадмо морал да одслужи осум години кај Ареј, по што му Атена обезбеди владеење со Бојота. Со помош на своите „посејани луѓе“ тој соградил тебански Акропол кој по него добил име Кадмеја. Кадмо се оженил со Хармонија, ќерката на Афродита и Ареј.
Кадмо бил прв смртник на чија свадба биле присутни олимписките божества, а млада била дарувана со божествените подароци. Владееле мирно, но Кадмо му го препуштил владеењето на својот син Пентеј, кого го убила мајка му. Поради тоа Дионис им прорекол дека ќе владеат со варварски племиња, кои ќе опустошат многу хеленски градови. Но поради тоа не биле казнети бидејќи Ареј ги претворил во црни змии со сини дамки и ги испратил на Островот на Блажените. Телата им биле погребани во Илирија каде што Кадмо го имал основано градот Буто. Нивниот наследник бил синот Илирие кој тие го добиле во доцни години.[1]
Предание за Лихнид (Охрид)
уредиСпоред една од легендите, Кадмо е основачот на Лихнид (денешен Охрид), кој ова го направил по основањето на својата династија.
Наводи
уреди- ↑ Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 171 - 176.