Преведеница или калк, алтернативно калка[1][2] (од француски calque — отпечаток) — поим што се користи за означување на создавање нови зборови на еден јазик според зборови од други јазици.[3] Постојат преведеници кои доследно го следат изворникот и претставуваат буквални преводи, како и оние кои содржат отстапувања од вообичаеното значење на зборовите во нивните составни делови, што укажува на нивното странско потекло.[4] Во повеќето случаи, преведеницата многу добро се вклопува во структурата на јазикот, така што само историските податоци можат да обезбедат докази за неговото странско потекло, како што е именката натчовек, изведена од преводот на германскиот поим измислен од Фридрих Ниче (Übermensch).[5] Преведениците исто така се делат на таканаречени семантички и синтаксички преведеници.[6]

Создавање преведеници

уреди

Еден од примерите за појава на преведеници е појавата на првите згради со голем број катови во САД кон крајот на 19 век. Американците ги нарекле sky-scrapers (sky — небо и scrper — дери). Како преведеница на овој збор, се појавиле сложеници и на други јазици, како што е српскиот збор небодер. Германската верзија била послободно преведена, па зборот небо бил заменет со зборот облак, што го дава зборот, што во буквален превод на македонски дава преведеница — облакодер.[5]

Претходниот пример покажува дека преведениците често создаваат цели вериги меѓу различни јазици. Овој процес започнал во античко време кога грчките зборови служеле како обрасци за создавање нови зборови на латински. Потоа овие латински зборови во поново време се преведени на главните европски јазици (првенствено германски и француски), а потоа преку нив на јазиците на нивните соседи.[5]

Семантички калк

уреди

Семантичкиот калк претставува позајмување на значењето, кога веќе постоечки збор во јазикот стекнува ново значење врз основа на странски збор.[3] На пример, македонскиот збор ѕвезда, кој првично значел само небесно тело, го добил значењето на популарна јавна личност, по примерот на англискиот збор.[3] Некои други примери се политичките изрази за левица и десница, настанати по примерот на француските зборови, кои го добиле ова ново значење за време на Француската револуција.[3]

Од информатичката технологија пример за семантички калк во македонскиот јазик, и во многу други јазици, е зборот „глувче“ што е непосреден превод од англискиот јазик.[7]

Синтаксички калк

уреди

Синтаксички или фразеолошки калк е преведеница што вклучува подолг израз или пресврт на реченица. На пример, изразот „си дојде на себеси“ (што значи дека се освестил или закрепнал) во македонскиот јазик настанал под влијание на германскиот јазик.[8] Некои други примери на синтаксички калк во македонскиот јазик, создадени под влијание на германскиот и другите европски јазици, се да се постави прашање, да се земе предвид, да се има чувство за нешто, мирно итн.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „калк“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „калк“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Клајн, стр. 154
  4. Клајн, стр. 150
  5. 5,0 5,1 5,2 Клајн, стр. 151
  6. Клајн, стр. 153
  7. „Поимник на македонски зборови од информатичката технологија“ (PDF). МАНУ. Посетено на 14 декември 2024.
  8. 8,0 8,1 Клајн, стр. 156 и 157

Литература

уреди
  • Клајн, Иван (2007). Испеци па реци (српски) (3.. изд.). Нови Сад: ИК Прометеј. ISBN 978-86-515-0130-5.