Орестида

област на Античка Македонија
Ова е објавената верзија, проверена на 28 јуни 2024. Има 2 промени во исчекување на проверка.

Орестида — древна област во Горна Македонија. Се простирала во горниот тек на реката Бистрица (Халијакмон) и областа на Костурското и Преспанското Езеро[1]. Се граничела со Линкестида (на север), Елимеја (на југ), Параваја (запад) и Еордеја (исток). Најстариот и главен град бил Арг Орестидски (близу сегашното Рупишта), од каде што потекнувала македонската династија на Аргеадите[2].

Карта на Македонското Кралство

Денешното изменето службено име на гратчето Рупишта (Хрупишта) и неговата општина во Костурскиот округ е дадено според оваа област, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Наводи

уреди
  1. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957
  2. Strabonis, Geographica, Lipsiae, 1895-1913