Александар V

Александар V (умрел 294 п.н.е.) бил син на Касандар кој заедно со неговиот брат Антипатар II владеел како крал на Македонија од 297 п.н.е. до 294 п.н.е.. Подоцна брат му го истерал, па овој побарал помош од Деметриј I Опсадникот за да го поврати престолот. Деметриј успешно го победил Антипатар, но наместо да го врати Александар, наредил да го убијат.

Претходник
Филип IV
Крал на Македонија
со Антипатар II
297–294 п.н.е.
Наследник
Деметриј I Опсадникот