Стара Загора (бугарски: Стара Загора) е град во јужниот дел на Бугарија административен центар на Старозагорска област. Градот се наоѓа во централниот дел на Горнотракиската Низина, во срцето на Тракија и има 136.363 жители.

Во Стара Загора се наоѓа наjстариoт театaр во бугарскиот дел на Тракија - Драмски театар "Гео Милев". Во 1925 во градот била отворена втората бугарска опера - Јужнобугарската опера, која подоцна била преименувана во "Државна опера Стара Загора". На 13 декември 1927 започнало емитување на радио програма во Стара Загора, а на 1 февруари 1936 започнала редовната програма на втората радиостаница во Бугарија - "Радио Стара Загора" по Радио Софија.[1]

Стара Загора е привлечна туристичка дестинатиција. Во градот се наоѓа античкиот Форум на август Трајан. На 14 км од центарот на Стара Загора се наоѓа националниот балнеолошки центар Старозагорски минерални бањи. Градот е познат како Град на правите улици, липите и поетите.

По Првата светска војна на периферијата на градот се населиле многу бегалци од Одринска Тракија и Македонија.

Надворешни врски

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди