Антемунт — име на езеро, древен град и област во древната историја на Халкидичкиот Полуостров, сместени на територијата на денешниот Полигеро. Точната местоположба на градот Антемунт сè уште не е утврдена, но се претпоставува дека се наоѓал меѓу денешните гратчиња Галачишта и Царево Село. Според археологот Јоаким Папангелу, Антемунт е во полето кај Галачишта и над неговите урнатини е изградена црквата „Св. Петка“.[1]

Антемунт, јужно од Мигдонија

Еден од првите владетели на Антемунт бил Меропс, убиен во обидот да ја земе Палена, ќерка на одомантскиот крал Ситон. Областа станала дел од Македонското Кралство во 510 г. п.н.е. кога Аминта I Македонски се осојузил со Персиското Царство и Персијците му ги вратиле териториите на исток од устието на Вардар. Во 505 г. п.н.е. Аминта му ги понудил Антемунт и Јолк на соборениот атински тиран Хипија. Аминта веројатно тогаш не ги држел овие два града, туку само предложил заедничка воена експедиција. Хипиј го одбил предлогот.

Градот е окупиран од Атињаните во 432 г. п.н.е. и од Олинт во 382 г. п.н.е. На крај, во 379 г. п.н.е. Антемунт повторно влегол под македонско владение. Според Флавиј Аријан, во Битката кај Ис на Александар во 333 г. п.н.е. учествувал антемунтски коњички ескадрон со командант Перјод. Големиот хеленистички град Антемусија во Месопотамија е наречен по Антемунт.[2]

Од 1928 до 1936 г. Галачишта носело името Антемундас или Антемус, по името на античкиот град. Потоа е вратено неговото традиционално име. Така била наречена и општината со седиште во Галачишта од 1998 до 2011 г. кога е соединета со општината Полигеро.[3][4]

Наводи

уреди
  1. Καραμόσχος, Ἀργύριος. „ΙΣΤΟΡΙΑ ΚΑΙ ΤΕΧΝΗ ΤΩΝ ΙΕΡΩΝ ΝΑΩΝ ΤΗΣ ΕΝΟΡΙΑΣ ΚΟΙΜΗΣΕΩΣ ΤΗΣ ΘΕΟΤΟΚΟΥ (ΠΑΝΑΓΙΑΣ) ΓΑΛΑΤΙΣΤΗΣ“. ΙΕΡΑ ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΣ ΙΕΡΙΣΣΟΥ, ΑΓΙΟΥ ΟΡΟΥΣ ΚΑΙ ΑΡΔΑΜΕΡΙΟΥ. ΙΕΡΟΣ ΝΑΟΣ ΚΟΙΜΗΣΕΩΣ ΤΗΣ ΘΕΟΤΟΚΟΥ ΓΑΛΑΤΙΣΤΗΣ. Посетено на 6 јуни 2014.
  2. ΧΟΡΤΙΑΤΗΣ Ο ΑΓΝΩΣΤΟΣ, Архивирано од изворникот на 2007-12-28, Посетено на 2012-12-28
  3. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  4. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.