Ботиаја
Ботиаја — област во средишниот дел на Античка Македонија меѓу Пиерија и Елимеја на југ, Еордеја на запад, Алмопија на север и Амфакситида на исток, односно териториите меѓу реките Могленица (Лудија) и Вардар (Аксиј), со градовите Воден, Пела и Бер.[1] Долниот тек на Бистрица и планинските венци на Каракамен и Пајак претставуваат нејзини природни граници.[2] Кај античките автори најчесто се спомнува како посебна област и тоа како област во која првиот македонски крал Пердика, според пророштвото, треба да основа град – престолнината на македонските кралеви — Ајга, а исто така тука е и втората престолнина — Пела.[3] Во римско време се споменуваат градовите: Кир, Скидра, Миеза, Ихне, Алор, Тириса и др.[4]