Воден
Воден (грчки: Έδεσσα, Едеса; до 1923: Βοδενά, Водена) — град во Егејска Македонија, северозападно од Солун, или поточно во округот Постол. Населението брои 18.229 жители (2011). Преку железничка пруга Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, додека пак со Солун кон југоисток. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади на реката Вода (Воденка), кои се значнителна знаменитост — Парк на водопадите. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден. Исто така и низ самиот град течат голем број на поточиња. Градот е седиште на Општина Воден.
Воден Έδεσσα | |
---|---|
Координати: 40°48′N 22°3′E / 40.800° СГШ; 22.050° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Воден |
Површина | |
• Вкупна | 38,9 км2 (150 ми2) |
• Општина | 321,2 км2 (1,240 ми2) |
Надм. вис. | 320 м |
Најг. вис. | 320 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 18.229 |
• Густина | 47/км2 (120/ми2) |
• Општ. | 25.619 |
• Општ. густина | 8,0/км2 (21/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 582 00 |
Повик. бр. | 23810 |
Рег. таб. | ΕΕ |
Мреж. место | edessacity.gr |
Демографија
уредиКон крајот на XIX век, Воден е град со мешано македонско и турско население. Христијанското население било разделено меѓу Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев, во 1905 година во Воден имало 3.600 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 6.280 Македонци под Цариградската патријаршија[2](гркомани), 30 Власи и 270 Роми. Во градот функционирале три школи на бугарски јазик (две основни и едно прогимназијално) и три грчки (две основни и едно прогимназнијално).[3]
Македонците во Воден и Воденско
уредиВо градот и неговата околина денес живеат голем број на Македонци и се смета дека се доминантно население, македонскиот јазик сѐ уште се зборува во меѓусебната комуникација во повеќе воденски села и во самиот град Воден, а преку репортажа на весникот „Време“ Македонците од Воден и Воденско јавно ги искажале своите маки за изумирањето на македонскиот јазик меѓу младите и за зачувувањето на македонските традиции во воденските села.. Македонската организација и политичка партија Виножито планирала да отвори македонски културен центар во градот, но тоа било спречено од грчките власти кои не го признаваат македонското малцинство во Егејска Македонија. Партијата Виножито својата прва седница на Централниот совет ја одржала токму во Воден на 26 јануари 1997.
Историја
уредиГрадот Воден и неговата околина имаат богата историја уште од античко време. Градот уште од самото основање припаѓал на античкото македонско кралство, а во околината на денешниот град Воден се наоѓала и македонската престолнита Ајга. Во времето на Отоманското Царство, Воден и Воденско развиле многу богат македонски културен, национален и економски живот. Покрај панаѓурите кои се организирале, градот бил и попатна станица на некогаш најпрометната релација Солун - Битола. Во голем број се легендите, преданијата и фолклорот од воденскиот крај кој е неизоставен дел од македонскиот фолклор. Етничкиот состав на Воден и Воденско масовно се менува по поделбата на Македонија, а поголеми размери добива со насилните иселувања и протерувања на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949).
Денес старите градски куќи се запазени само во населбата Варош.
Знаменитости
уреди- Цркви
- „Покров на Пресвета Богородица“ — епархиска катедрала
- „Успение на Пресвета Богородица“ — старата митрополска црква
- „Св. Петар и Павле“
- „Св. Троица“ — женски манастир
Воден како мотив во уметноста и во популарната култура
уреди- „Недалеку од Воден града“ — македонска староградска песна.[4]
Личности
уреди- Вангел Ајановски - Оче — македонски партизан
- Ташо Ајановски — национален деец
- Велко Думев — македонски револуционер
- Георги Урдов — македонски национален деец
- Григорие Хаџи Ташковиќ — македонски револуционер
- Благој Калејчев — македонски револуционер
- Ване Занешев — македонски револуционер
- Ристо Кордалов — македонски револуционер
Поврзано
уреди- Варош (Воден)
- Парк на водопадите
- Вода (река) или Воденица
- Воден (општина)
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905
- ↑ YouTube, Ansambl Biljana - Nedaleku od Voden grada (пристапено на 28.11.2019)
Надворешни врски
уреди„Воден“ на Ризницата ? |
- За Воден на „Македонска нација“ (македонски)
- Портал на Општина Воден Архивирано на 11 јануари 2018 г. (грчки)