Ајга
Ајга — прва престолнина и еден од позначајните и поголеми градови во времето на Македонското Кралство. Според античката традиција, градот го основал Каран, легендарниот родоначалник на македонската кралска куќа, митскиот предок на Македонците. Честопати се постоветува со Воден (Едеса). Градот Ајга, најверојатно се наоѓал кај месноста Палатица, југоисточно од Бер, во подножјето на Пиериските Планини. Во прилог на ова тврдење, одат откриените Кралски гробници во Кутлеш, во близина на Бер.[1] Долг период овој град бил и престолнина на кралството поточно од времето на кралот Пердика I (729 - 678 година п.н.е) од аргеадската династија па до кралот Архелај кој ја интензивирал трговијата со соседните земји и поради малку поголемата оддалеченост од морето на Ајга престолнината ја преселил во градот Пела кој подоцна ќе стане главна престолнина на македонските кралеви. Сепак, градот Ајга и понатаму останал значаен град за македонските кралеви, кои имале обичај да бидат погребувани на местото на своите предци, поради што на ова место се наоѓа и гробницата на Филип II Македонски.
Галерија
уреди-
Остатоците од храмот на Евклеја во Ајга
-
Остатоците од храмот на Евклеја во Ајга
-
Остатоците од храмот на Евклеја во Ајга
-
Гробницата на Филип II Македонски
Наводи
уреди- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 16–17. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)