Шкумба
Шкумба или Шкумбин (албански: Shkumbini) — река во централна Албанија што се влева во Јадранското Море. Се смета за поделбена линија на двата дијалекта на албанскиот јазик: тоскискиот на југ и гегискиот на север. Во далечното минато, реката се сметала за најсеверната природна граница со Епир.[1]
Шкумба | |
---|---|
Изворно име | Shkumbin |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Јадранско Море 41°2′23″N 19°26′34″E / 41.03972° СГШ; 19.44278° ИГД |
Должина | 181 км |
Особености на сливот | |
Долга е 181 км и извира во планините југозападно од Охридското Езеро, во југозападниот агол на округот Поградец, но и од други потоци од планините во округот Либражд. Реката тече низ градот Либражд. Кај Мураш ѝ се приклучува притоката Рапун.
Реката тече најпрвин на север, па на северозапад, низ Кукуш, Либражд, каде свртува на запад и минува низ Полис, Елбасан (Коњух), Церик, Пекин и Рогожина. На крајот, се влева во Јадранското Море северозападно од Дивјака.
Во подрачјето на Елбасан од реката се разгрануваат каналите „Наум Панџи“ и „Ферас“ кои служат за наводнување на низината кај Церик.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Mikropoulos A. Tassos.Elevating and Safeguarding Culture Using Tools of the Information Society: Dusty traces of the Muslim culture. Earthlab. ISBN 978-960-233-187-3, стр. 320
- ↑ Kryeministri Fatos Nano mori pjesë sot paradite në inaugurimin e përfundimit të punimeve të Skemës Ujitëse që merr ujë nga Kanalet "Naum Panxhi" dhe "Ferras", në rrethin e Elbasanit.[мртва врска]