Пиерија
Пиерија — област во древна Долна Македонија што го опфаќала тесниот приморски појас по должината на Термајскиот Залив, од утоката на Пенеј на југ, до устието на Халијакмон (Бистрица) на север, а на запад до планините Олимп и Шапка (наречена Пиерија). Била населена со племето Пиери, а нејзин епоним е Пиер, синот на Македон[1]. Птоломеј и Страбон под Пиерија го подразбираат целото приморје до Аксиј. Позната е како света област и татковина на музите, каде што паселе светите крави на Аполон украдени од малиот Хермес. Имала развиен градски живот со голем број градови како: Метона, Пидна, Пимплеја, Лејбетра, Хераклеон, Фила и др[2]. Во Пиерија се наоѓал и светиот град на Македонците — Дион.[3]
По областа е именуван и денешниот округ Пиерија во Егејска Македонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.