Кутлеш

село во Берско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Вергина)

Кутлеш (грчки: Βεργίνα, Вергина) — гратче во Егејска Македонија, по долното течение на река Бистрица, околу 80 км југозападно од Солун, во областа Централна Македонија, Грција. Денес местото има 1.246 жители и е изградено на подрачјето на древномакедонската престолнина Ајга. Денешниот грчки назив за „Вергина“ е воведен по 1922 година на предлог на митрополитот од Бер според легендарна кралица од античка Вероја. По Лозанскиот договор, кога се извршило масовно населување со бегалци од Мала Азија и соседните области, наречени од месното население Маџири. Тогаш од поранешните две мали села - Кутлеш и Барбеш кои дотогаш биле беговски имот со само 25 семејства, властите оформиле една населба во која сместиле 131 грчко семејство со потекло од Бугарија и Мала Азија. Ова било практика во цела Егејска Македонија каде за сметка на месното делумно протерано македонско православно и целосно прогонетото муслиманско, како и турско и друго население.[2]

Кутлеш
Βεργίνα
Поглед на селото Кутлеш
Поглед на селото Кутлеш
Кутлеш is located in Грција
Кутлеш
Кутлеш
Координати: 40°29′N 22°19′E / 40.483° СГШ; 22.317° ИГД / 40.483; 22.317
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Население (2001)[1]
 • Општ. един.2.478
Заедница
 • Население1246
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Рег. таб.ΗΜ

Ајга

уреди

Ајга бил еден од позначјните и поголеми градови во времето на Македонското Кралство. Долг период овој град бил и престолнина на кралството поточно од времето на кралот Пердика I (729 - 678 година п.н.е) од аргеадската династија па до кралот Архелај кој ја интензивирал трговијата со соседните земји и поради малку поголемата оддалеченост од морето на Ајга престолнината ја преселил во градот Пела кој подоцна ќе стане главна престолнина на македонските кралеви.

Ѕвездата од Кутлеш

уреди

Во 1977 година, по археолошките испитувања предводени од грчкиот археолог Манолис Андроникос беше откриен гроб за кој се претпоставува дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски, а гробницата денес е прогласена за светско наследство на УНЕСКО. На истото место беше пронајден и древниот македонски симбол шестнаесетзрачното сонце или познато како „македонско сонце“ или „ѕвезда од Кутлеш“. Овој симбол може да се види и на многу други места низ Македонија, цркви, фрески, икони, монети итн. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде каде што живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Пустец во Република Албанија каде што живее бројна македонска заедница.

Ѕвездата ставена на сина подлога го претставува знамето на Грците од Северна Грција, кои во скоро време за себе го усвоија терминот „Грчки Македонци“ (во однос на спорот со името со Македонија) и на Егејска Македонија во Грција. Според замислата на Грците ова шестнаесетзрачно сонце или ѕвезда е симбол на дванаесетте грчки богови како и океаните (водата), оганот, земјата и небото (воздухот).

Галерија

уреди

Обележја

уреди

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. makedonija.name

Поврзано

уреди