Александар II
Александар II Македонски — македонски крал од династијата на Аргеадите во периодот од 369 до 368 п.н.е., по смртта на неговиот татко Аминта III. Тој бил најстар син на Аминта III и на Евридика, брат на Пердика III и на Филип II. За време на неговото владеење се ковале бронзени монети.
Иако веќе бил полнолетен, Александар бил многу млад кога дошол на власт. Ова било многу проблематично за него, бидејќи неговите непријатели продолжиле да војуваат со Македонија. Александар едновремено бил соочен со илирска инвазија од северозапад и напад од истокот од страна на претендентот Павзаниј. Павзаниј набргу зазел неколку града и се заканил на кралицата-мајка, која била во палатата во Пела со нејзините млади синови. Александар ги победил непријателите со помошта на атинскиот генерал Ификрат, кој пловел по македонскиот брег за да го освои Амфиполис.
На барање на Алевдаите, Александар интервенирал во граѓанската војна во Тесалија. Успешно зазел контрола врз Лариса и неколку други градови, но, изневерувајќи го ветувањето кое го дал, поставил македонска војска (гарнизони) во градот. Ова ја испровоцирало Теба која била водечката воена сила во Стара Грција во тоа време. Тебанскиот генерал Пелопид ги истерал Македонците од Тесалија. Потоа го неутрализирал Александар со тоа што ги заштитувал амбициите на Александровиот зет Птоломеј од Алор, и го натерал Александар да го напушти неговиот сојуз со Атина и да се сојузи со Теба. Како дел од овој нов сојуз, Александар морал да предаде заложници, вклучувајќи го и неговиот помал брат Филип.
За време на еден фестивал врз Александар бил извршен атентат по наредба на Птолемај. Иако братот на Александар Пердика III станал крал, тој бил под старосната граница, и Птолемај бил поставен за регент.[1][2][3][4]
Наводи
уреди- ↑ Diodor Siculus., 12 Vols., Loeb Classical Library, Harward University Press, 1963
- ↑ Justini, Historiarum Phlippicarum;
- ↑ Ex Trogo Pompeio, Lib. XLIV, Parasiis MDCCXXIII;
- ↑ Јустин, Филиповата историја. Прев. Љ. Басотова, Скопје, 2000.
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |