Линкестида
Линкестида — древна област во Горна Македонија што се протегала по средниот тек на реката Црна (Еригон), во јужниот дел на Пелагонија, со планината Баба на запад, јужниот дел на висорамнината Мариово и Кајмакчалан на исток[1][2]. Низ неа минувал познатиот антички пат Вија Егнација и преку нискиот премин Кирли-Дервен продолжувал кон Еордеја на југ. Тука живеело горномакедонското племе Линкести. Главен, а можеби и единствен вистински град во оваа област бил Хераклеја Линкестис[3], основан од кралот Филип II Македонски. Од Линкестида се зачувани засега најстарите релјефи на надгробни стели[4].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Lj. Popovic, Deux reliefs funeraires de Macedoine, ŽA VII/2, 1957, 252
- ↑ R. Vasic, Contribution to the dating of the two Attie Gravereliefs found in Macedonia, ŽA XXI/1, 1971, 279
- ↑ И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Макропроект „Историја на културата на Македонија“, МАНУ, Скопје, 1999
- ↑ Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957