Древномакедонски календар
Древномакедонски календар бил календар во употреба во Македонија во I милениум п.н.е. Имал 12 синодски месеци (т.e. 354 дена во годината), на кои им требале престапни месеци за да се придржуваат кон годишните времиња. Во времето кога овој календар се користел во хеленскиот свет, вкупно 7 емболими (престапни месеци) биле додавани на секој 19-годишен метонски циклус. Годината започнувала со месец Октомври.
- Дион - октомври
- Апелај - ноември
- Авденај - декември
- Перитиј - јануари
- Дистер - февруари
- Ксандик - март
- Ксандик Емболим, престапен 6 пати на 19-годишен циклус
- Артемисиј - април
- Даисиј - мај
- Панем- јуни
- Лој, јули
- Горпиај - август
- Хиперберетај - септември
- Хиперберетај Емболим, престапен еднаш на 19-годишен циклус
Поврзано
уредиИзвор
уреди- Perseus Digital Library - месеците од речник (англиски)
Оваа статија поврзана со античка Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |