Пердика III бил крал на Македонија од 365 до 359 п.н.е., наследувајќи го својот брат Александар II.

Монета на Пердика III со фигура на Хераклеa

Пердика бил син на Аминта III и Евридика II. Кога Александар II бил убиен од страна на Птоломеј од Алор, Пердика III бил под старосната граница, па со кралството владеел Птоломеј од Алор како регент. Во 365 п.н.е. Пердика го убил Птоломеј и го презел македонскиот престол.

Пердика бил убиен во битка против илирскиот крал Бардилис, при обид да ја освои горна Македонија. Бил наследен од неговиот многу мал син, Аминта IV, но престолот наскоро бил узурпиран од помладиот брат на Пердика, Филип II.