Битка кај Пидна (168 п.н.е.)

(Пренасочено од Битката кај Пидна)

Битката кај Пидна се одиграла во 168 п.н.е. помеѓу Македонците и Римјаните, на и околу полињата на денешниот град Катерина, Егејска Македонија. Тоа била последната голема битка во Третата македонско-римска војна, со која завршила македонската контрола над Пелопонез којашто дозволила заедно со Македонскиот Полуостров да станат дел од Римското Царство.[1]

Битка кај Пидна
Дел од Третата македонско-римска војна

Распоредот на единиците на македонската и римската армија во Битката кај Пидна
Датум 22 јуни 168 п.н.е.
Место Близу Пидна
Исход Победа на Римската Република
Завојувани страни
Македонија Римска Република
Команданти и водачи
Персеј зароб. Лучо Амилиј Паоло - Македоникус
Сила
44,000 29,000
Жртви и загуби
23,000 убиени и ранети 2,000+ убиени; голем број на ранети

Битката се водел помеѓу македонскиот крал Персеј (171–168 г. од ст.е.) и римскиот војководец Емилиј Павел. По жестока краткотрајна битка (од обете страни војуваат по 40.000), македонската фаланга е разбиена (20.000 загинати,[2] 6.000 заробени).[3]

Предвоени подготовки[4]

уреди

Од завршувањето на втората македонска-pимcка војна (196 п.н.е.) и понатаму, Римјаните зеле активно учество во македонските политички проблеми. Дури и кога Македонците во Пелопонез кој повеќето бил поделен на повеќе градови држави.

Таа битка завршила страшно за Македонците, бидејќи фалангата тактички од страна на Римјаните била поделена и стратешки била изгубена битката. Македонците не можеле да успеат во обединувањето на Македонскиот Полуостров што значело пропаст и крај на слободата на народите од Македонскиот Полуостров.[5]

По крајот на втората македонска-pимcка војна војна (196 пред новата ера), Римјаните понатаму зедоа активен дел во македонските политички конфликти. Иако Македонците ги контролираа градовите држави и не ја предвидоа опасноста што се прикажуваше, но затоа поголемиот дел од нив беа наклонети кон војна, поточно обичните Македонци, која доведе до интензивен национален карактер.

 
Диорама на Битката кај Пидна

Влаcта била претежно олигархиска. Mислејки дека повеќето од македонските владејачки фамилии ќе ги задржат па и зголемат своите привилегии, влијание и својата земја доколку Римјаните дојдат на власт. Сепак, изненадувачки широките народни маси го ставиле својот борбен дух зад Персеј, новиот василев - владетел на Македонија. Ова можеби се случи поради тоа што самиот василев македонски упатил повик до нив, а овие помислиле дека нивните имоти ќе бидат сигурни со неговото владеење. И биле во право.

Римјаните, под командата на Амилис Паоло - Лучо Паоло сигурно напредуваа северно од Атина, и сега контролирале земја сè до Лариса, град на југот на Катеpини. Помеѓу Лариса и Катеpини, лежи долината на Темпе. Армијата успеа да помине без поголеми потешкотии преку таа природна препрека, но кога стигнале до реката Енипеац, која тече од Литочопо па сѐ до морето, беа пресретнати од армијата на Персеј и се повлекоа.

Римската армија броела околу 20.000 добро обучени војници и подготвени за борба. Имале слонови, познати како тогашни тенкови, и со нив се преместиле преку Кокинопоило, сѐ до падините на Петпа.

Сојузници на Римјаните биле: Пергамо, Роди, Легата Ачеа и Етолите. Етолите биле блиски со Македонците, а и зборувале ист јазик меѓутоа сигурно затоа што биле уверени дека Римјаните ќе победат, застанале на нивна страна.

Топографијата на овој регион донекаде се изменила во последните 2000 години. Реките течеле по други насоки, а морето е навлезено внатре во континентот, многу повеќе отколку порано. Движејки се со слоновите преку планините па сè до падините на Петпа (Петра), за Римјаните била огромна задача. Тоа било остварено со пат направен со дрвени платформи, кои биле ставени по планинските патишта со цел да се движат безпречено. Кога армијата стигнала до рамница, продолжиле да се движат долж планинскиот венец што денес ги вклучува Кондиаротица и Неа Ефесус.

Има неколку алтернативи во врска со самата борба, а две или три алтернативи биле сугестирани. Пидна е крајбрежно село, кое сигурно било главно пристаниште во регионот пред 2000 години. Докажано (репортирано) е дека св. Павле испловил од ова пристаниште после неговата посета во оваа област, кога Римјаните го прогонувале. Оваа посета довела до неговото писмо: писмо од Солуника. Едно наводно место е во областа на селото Неа Ефесус, во граници (или крај, околина) на Катеpини. Позиционирано е на крајот на границата на ридовите што ја делат рамнината на два дела, со Катеpини на север, и Лариса и долината од Темпе на југ. Ако го посетите местото и се искачите на ридот каде што се наоѓа црква и понатаму, имате убав поглед на околината на двата дела Северот и Југот. Сега пробај да ја зголемеш твојата имагинација, за да добиеш сцена од пред повеќе 2000 години - како војниците чекаат пред да започне борбата, како коњите се возбудени и како масивните слонови се наредени во линија чекајки го почетокот на борбата. Слоновите се несомнено, еден од решавачките (судбоносни) фактори во борбата.

Битка[4]

уреди

На 22 јуни, двата противници се построиле во борбен ред на двете страни на реката Лефкоc. Пред почетокот на битката, од страна на Римјаните биле направени неколку жртвувања во чест на Бога, и во првата истанца овие жртвувања довеле до обесхрабрувачи резултат, но Амилис Паоло-Лучо Паоло им дал инструкции на своите свештеници да се обидат пак. При вториот обид, жртвувањата добиле повеќе охрабрувачки знаци, па им рекол на војниците дека бил убеден дека на крајот ќе победат, иако на почетокот борењето можеби ќе оди тешко.

Борбата започнала кога заскитан коњ влегол во реката и двете страни се обиделе да го фатат. Започнало борењето, а дозволата за напад била дадена во пладневните часови, кога 800 Тракијци под командата на Александар се судриле со триилјадитната Римcка пешадија и 120 нивни коњаници. Двајцата противници веднаш добиле засилување.

Кога Персеј видол дека Македонcките војниците се во добра форма затоа што борбата одела во нивна позла, наредил генерален напад.

Војската на Персеј била построена во следниов редослед: на десно коњаницата, покрај нив стоеле сојузничките лесно пешадиски трупи и машки офицерски корпус кој броел 3000 луѓе. Во центарот, стои фаланга со две крила. Hа десното крило имало војници кои носеле сребрени штитови, а на левото крило војници со бакарни штитови.

На лево од фалангата, стоел друг офицерски корпус од коњаница, совршени 3000 самостојни (издвоени)коњаници, поткрепени од група Тракијци. Трупи наоружани со 6 - 7 метри долги копја сориоса биле во самиот центар. Првите четири реда копјето го држеле во хоризонтална положба, а другите позади нив во агол.

Римcките трупи на другата страна на реката Лефкос ја поставиле својата коњаница на левата страна заедно со сојузничките трупи покрај нив.

Централно место на фронтот пред трупите заземале фрлачите на копје, додека позади нив стоеле три реда од легионари. Сојузничката Римcка војска била поставена на нивна десна страна. Преку (или над) таа точка биле 120 јавачи, 22 слона и корпусот од останатите сојузнички сили.

Римјаните биле наоружани со мечеви, кои видливо биле многу пократки од сориосата (македонското копје), и штитови, но сепак ова довело до нивна предност. Амилис Паулос, ситуиран на ридот над бојното боле, забележал дека Македонските трупи имале проблеми со ракувањето на сориосата преку брановиден терен и тој успешно ги маневрирал противниците да напаѓаат на нагорнина каде тие биле во незгодна положба.

Помеѓу 45.000 и 50.000 Македонци биле мобилизирани против повеќе од 20.000 Римјани.

Како што првите македонски cили почнале да ја поминуваат реката, генералниот воен управувач на Римската војска, Амилис Паулос, наредил напад. Тој ја инспирирал својата војска со кружење околу нив без шлем и заштитно торзо.

Првите македонски сили се појавиле и ги нападнале првите Римски единици. Овие трупи главно се состоеле од Италијански сојузници. Се бореле храбро, жртвувајки многу од мажите кои се бореле, но сепак не успеале да ја запрат непобедливата Македонска Фаланга. Во обид да контрираат на притисокот што им го правела левиот бок на Македонската фаланга, Амилис Паулос испратил 22 слона под негова команда во борба, придружени со поголема дел сојузничка коњаница. Римските сили, особено слоновите, биле одлучувачки дел во стопирањето на македонската предност. Војниците не можеле да ја завршат својата мисија поради специјалното тренирање и новонастанатите околности.

После тоа Амилис Паулос се свртил да се соочи со фалангата. Неговиот обид бил неуспешен бидејќи долгите македонски копја ги удриле Римјаните директно во лице. Сепак, изгледа дека Персеј и неговите генерали не го следеле многу добро самиот прогрес на битката.

Персеј бил очевидно ранет, иако повредата не била сериозна, тој ја напуштил битката и се вратил во Пидна каде што била базата на неговата фаланга а го придружувала и македонската коњаница од левото крило, но римcката воена морнарица која била долж самиот морски брег, убила многу од нив.

Амилис Паулос-Лучо Паоло, целосно под негова команда, наредил на неговите легии да се движат преку нерамниот терен низ планините, а правејќи го тоа, ја натерал и македонската фаланга да се движи во тој правец.

Македонската фаланга движејки се нагорe, ја нападнала pимcката војска.

Римјаните се повлекувале така што постојано ги менувале првите три реда. Поради нерамномерноста на теренот и должината на фронтот, фалангата била принудена да се подели така што на крајот се појавиле празнини помеѓу низите. Овие поделби ја уништиле нивната споеност а оттаму и нивната сила.

Амилис Паулос-Лучо Паоло, увидувајки го тоа, наредил на неговите војници да продрат во празнините што се појавиле во фалангата, каде што со нивните пократки и подобри за контролирање мечеви ќе добијат предност во битката.

Персеј не успеал да ја увиде оваа опасност со што со овој негов пропуст тој е осуден на пропаст.

Во инает на неразјаснети извори, изгледа дека Римскиот генерал употребил коњаница од 4.080 јавачи кои биле лев бок и со нив продрел во македонската фаланга.

Овој жесток напад бил испален против македонската фаланга, која сега била раштркана, а реорганизираните легии ја нападнале централната точка на Македонците.

Од оваа точка во битката, Лефкис Постумис Алвинос, одговорен офицер на втората легија, го нападнал десното крило на фалангата, а самиот генерал, кој бил на чело на првата легија, го нападнал центарот. Овде биле вклучени и слоновите. Со овој силен напад, Римјаните лесно пробиле низ македонските линии, и тоа безпречено поради воздигнувањето на теренот, недостигањето на координација на Македонците, нивниот потежок арсенал за разлика од pимјаните, а исто така и фактот дека Римјаните биле подобро тренирани. На овој начин Македонците биле поразени, покрај тоа што се бореле храбро до крајот на битката.

Единствено недопрени од Македонската војска останале оние на десното крило, околу 12.000 - 13.000, кои не зеле учество во борбата. Македонските сили претрпеле големи загуби. Повеќе од 30.000 жртви, а останатите 11.000 биле заробени. Римcката војска претрпела многу помалку, сепак многу повеќе отколку што пријавиле самите pимјани.

Во интерест е да се проучат некои аспекти на битката во поголеми детали. Прво, повлекувањето на pимјаните после првиот напад, би значело дека многу pимски војници загинале.

Војниците од македонската фалангата удриле директно во лицето на pимјаните, па поради тоа немало простор за незначителни рани.

Во слична борба кај Кино Кефале каде борбената тактика на Македонците била по природа речиси иста како кај Пидна, биле убиени 700 pимcки војници. Ако се размисли, може да се заклучи дека во овој агресивен напад и со значително поголема војска кај Пидна, бројот на убиени пимски војници сигурно бил поголем од овој. Ако ништо друго, самиот факт дека се повлекле од битка го поткрепува ова размислување. Ако кај Кинос Кефалес загинале 700 pимcки војници, во Битката кај Пидна, тој број би требало да е најмалку 1400-1500, двојно повеќе. Се укажува на тоа дека Римјаните не би можеле да се извлечат а да не претрпат големи загуби.

Оваа битка сепак, не била почетно судрување. Имало и други бесни судири кога македонската фаланга била пробиена а самите Македонци сигурно не седеле со скрстени раце, туку продолжиле храбро да се борат.

Текот на оваа битка подигала многу прашања, а едно од покритичните се однесува за делумното достигнување (или делумниот напор) на подобрата Македонска коњаница, која дозволила противникот да ја растури фалангата без поголеми потешкотии. Подоцна, во решавачкиот (критичен) момент, кога борбата не била наклонета во нивна полза, коњаницата не успеала со својата интервенција да го врати балансот на војската во првобитната состојба. Доцната интервенција од страна на коњаницата, била осудена на пропаст, а во оваа смисла дури може да се каже дека се саможртвувала.

Персеј според некои извори, бил повикан да одговара за оваа грешка, бидејќи според истите извори, неговата војска била осудена на пораз уште пред самиот почеток на борбата и истите пишуваат за околностите каде македонската војска можела да ја доведе борбата во своја полза и да ја победат pимcкaта војска.

Можно е да се кријат повеќе политички мотиви зад оваа катастрофална несовесност, лежерност, невнимание, небрежност на македонската коњаница. Јавачите во коњаницата биле синови на македонски аристократски фамилии, кои биле незадоволни од Персеј, поради неговите политички приближувања и наклонетост кон народот. Концентрацијата на голема пешадиска сила, составена од обични граѓани, даваат некои траги за чувствата на Персеј спрема народот. Ова можеби била коректна воена тактика против Римјаните, но затоа пак ова решение го довел владетелот до конфликти со луѓе од неговиот сталеж.

Персеј бил болно-темпераментна и раздразлива личност. Според горенаведеното, може да се заклучи со голема веројатност дека дошло до завера против владетелот, која се открила во текот на критичните фази на овој драматичен конфликт.

Војната со Римјаните имала интензивна политичка димензија и етничка природа. Олигарсите на Македонските држави, како и македонските аристократи, се приклучиле на страната на Римјаните со цел да го зачуват нивното богатство и привилегии. Така тие целиле да ги сочуваат своите бенефиции како нација.

Од друга страна, сиромашниот народ пак храбро застанал на нозе и се борел до крај, а тоа е и причината за големата смртност на македонската војска. Овој начин на размислување е поткрепен со фактот дека коњаницата го напуштила својот владетел Персеј, со цел да се реорганизираат со останатите сојузници и да најдат нови стратегии.

Персеј бил предаден од водечката класа во неговата земја Македонија и бил оставен да го поразат, со катастрофални последици спрема неговата земја Македонија како и спрема целиот негов македонcки народ.

По извесно време тој повторно бил предаден а со тоа бил заробен од победникот Амилис Паулос.

Македонската фаланга на Персеј не била доволно увежбана, македонските благородници (богатите) не го поддржале Персеј и народот македонски кој бил регрутиран во фалангата каде половината загинале а другата биле заробени, додека богатите биле во коњаницата, плашејќи се дека ќе го изгубат богатството. После битката на Пидна тие го предале Персеј, последниот владетел на Македонија, наместо да се борат храбро за Македонија. Го подариле на Римјаните за пари и привилегии, но било залудно и тие го добиле тоа што го добил Персеј, а тоа е да биде претставен пред Рим во јарем за волови.

Битката кај Пидна беше многу значајна затоа што значеше пораз за Македонија. Македонија е потчинета од Рим, кој тогаш бил сметан за неоспорен „владетел на светот“.

Третата Македонска војна беше решавачки конфликт помеѓу Македонците и Римјаните. Кога Македонците сфатиле каков трагичен пат им следува, се здружиле во борба со општа цел, борба од чист национален карактер. Сепак, без успех. Тие не успеале да обединат широк сојуз од војски кои би можеле да и контрираат на енормната и моќна војска што ја поседувала Римското Царство.

По победата над македонските војски (на Персеј) кај Пидна во 168 година пред н.е., Римјаните ја поделиле Македонија на четири републики (теми, мериди) и дефинитивно ѝ го одзеле меѓународниот субјективитет.[6][7][8][9]

Гробницата на Персеј

уреди

Во јуни 2005 е пронајдена гробницата на Персеј долж патот Вија Валерија близу Маљиано де' Марси (Л'Акуила) од страна на претставници на италијанското министерство за култура и македонска археолошка делегација.[10][11][12]

Наводи

уреди
  1. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 75. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Ристо Стефов (2018). Многу кратка историја на македонскиот народ од праисторијата до денес (PDF). Торонто: Risto Stefov Publications. стр. 11. Недостасува |author1= (help)
  3. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 158. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  4. 4,0 4,1 Polybius (1889). The histories of Polybius. Translated from the text of F. Hultsch by Evelyn S. Shuckburgh. London Macmillan.CS1-одржување: датум и година (link)
  5. проф. д-р Драги Ѓоргиев и др. (2015). Балканот: луѓе, војни и мир: материјали од меѓународната научна конференција по повод 65 години од основањето на ИНИ (Скопје, 4-5 ноември 2013) (PDF). Скопје: ИНИ. стр. 34. ISBN 978-9989-159-68-8. OCLC 938648012. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-02-13. Посетено на 2021-02-04. Недостасува |author1= (help)
  6. Виктор Габер (2017). ОД ОБЈЕКТ ДО СУБЈЕКТ Македонија во меѓународните односи (PDF). Скопје: Фондација "Фридрих Еберт". стр. 26–27. ISBN 978-9989-109-84-3. OCLC 1029854376. line feed character во |title= во положба 21 (help)
  7. д-р Зоранчо Малинов (2010). ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2010: ЕТНИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНСКИОТ ЕТНОГРАФСКИ ПРОСТОР (прв дел) (PDF). Универзитет ,,Гоце Делчев“-Штип. стр. 32. line feed character во |title= во положба 66 (help); Недостасува |author1= (help)
  8. Коста Аџиевски и др.; Ванчо Ѓеоргиев (2011). Историја за 6 одделение (PDF). Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија. стр. 91. ISBN 978-608-226-325-0. OCLC 959267125.
  9. Тренчо Димитријоски. „МАКЕДОНСКИОТ АНТИЧКИ ГРАД ПЕРСЕИДА – ГРАДОТ НА КРАЛОТ ПЕРСЕЈ КАЈ СЕЛОТО ЦРНОБУКИ, БИТОЛСКО“. Недостасува |author1= (help)
  10. „Perseo, l'ultimo re di Macedonia“. S.ANATOLIA (италијански). Архивирано од изворникот на 2020-11-23.
  11. „NEWS: "Riscoperta" nella marsica tomba Re Perseo“. www.antikitera.net. 8 јуни 2005.
  12. Tortora, Maria (2019-09-04). „La tomba di Perseo a Magliano dei Marsi non può essere di Perseo“. Terre Marsicane (италијански). Архивирано од изворникот на 2021-06-13.

Надворешни врски

уреди

Координати:   40°21′55″N, 22°36′47″E