Едонија
Едонија била античка област меѓу устието на реките Стримон и Места, населена од Едонци и од Пиеријци, кои, во времето кога се шири македонската држава, се преселуваат од Пиерија кај Термајскиот Залив во подножјето на планината Пангај[1]. Оваа област е богата со рудно богатство, дрвена граѓа, стока, жито и риба. Пред освојувањето на Филип II Македонски во 357 п.н.е., во голем број градови живееле хеленски колонисти. Градовите Амфипол и Филипи претставувале големи економски и културни центри во антиката[2].