Ќемал Ајдини
Ќемал Ајдини (1935 - 23 февруари 1979), еден од доајените на албанската драма при Театарот на народностите во Скопје. На сцената на овој театар одигра над 70 улоги, меѓу кои останаа запаметени оние во „Сонот на летната ноќ“ од Шекспир, „Свадба“ од Гогољ, „Вујко Вања“ од Чехов, „Блудница достојна за почит“ од Сартр, „Госпоѓа министерка“ од Нушиќ, „А што сега Керон?“ од Муртеза Пеза, „Големата вода“ од Живко Чинго и многу други.
Играше и во неколку домашни играни и телевизиски филмови, меѓу кои во „До победата и по неа“ и „Ветерот и дабот“. Театарот во неговиот роден град Дебар во негова чест го носи името Ќемал Ајдини.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |