Блазиус Мерем

германски природонаучник и зоолог (1761-1824)

Блазиус Мерем (германски: Blasius Merrem; 4 февруари 176123 февруари 1824) бил германски природонаучник, зоолог, орнитолог и херпетолог.

Портрет на Блазиус Мерем

Младост

уреди

Роден е во Бремен, а студирал на Гетингенскиот универзитет на катедрата на Јохан Фридрих Блуменбах. Во овој период пројавил интерес за зоологијата, особено за орнитологија.

Научни придонеси

уреди

Орнитологија

уреди

Мерем е познат како првиот научник што предложил поделба на птиците на „тркачи“ (Ratitae) со рамна предница и кобиличарки (Carinatae) или „летечки птици“. Ова го изложил во неговата класификација на птиците, во трудот насловен како „Пробен природен систем на птиците“ (Tentamen Systematis Naturalis Avium) објавен во Берлин во 1816 г.[1]

Херпетологија

уреди

Во делото „Пробем систем на водоземците“ (Versuch eines Systems der Amphibien, 1820), Мерем бил првиот научник што точно ги одделил водоземците од влекачите и крокодиловидните од гуштерите. Исто така бил првиот што ги соединил гуштерите и змиите во еден редлушпари (Squamata).[2]

Дела

уреди
  • De animalibus scythicis apud Plinium. Goettingae: Grape, 1781.
  • Vermischte Abhandlungen aus der Thiergeschichte. Göttingen: Boßiegel, 1781.
  • Versuch eines Grundrisses zur allgemeinen Geschichte und natürlichen Eintheilung der Voegel. Leipzig: Müller, 1788.
  • Beytraege zur Naturgeschichte. Beytraege zur Geshichte (sic!) der Amphibien. Erstes Heft. Duisburg und Lemgo: Meyer 1790.
  • Beytraege zur Naturgeschichte. Beytraege zur Geschichte der Amphibien. Zweytes Heft. Beschreibung der Amphibiensammlung des Herrn Doctors und Medicinalraths Janssen in Düsseldorf. Erstes Stück. Leipzig: Verlagshandlung der Gelehrten, Leipzig, 1790; 2. Aufl. Essen: Baedeker 1829.
  • Handbuch der Pflanzenkunde nach dem linneischen System. Marburg: Neue academische Buchhandlung, 1809.
  • Versuch eines Systems der Amphibien (Tentamen systematis amphibiorum). Marburg: Krieger, 1820.
  • Beitraege zur Naturgeschichte. Beitraege zur Geschichte der Amphibien. Drittes Heft. I. Verbesserungen und Zusätze zu den ersten beiden Heften, S. 1–62. II. Bemerkungen über die Amphibien des Vorgebirges der guten Hoffnung und Beschreibungen einiger derselben, S. 63–141. Baedeker: Essen, 1821.

Наводи

уреди
  1. Abhandlugen Akad. Wiss. Berlin 1812–1813: Phys. Kl.
  2. Beolens, Bo; Michael Watkins; Michael Grayson. 2011. The Eponym Dictionary of Reptiles. Johns Hopkins University Press. Baltimore. xiii + 312 pp. ISBN 978-1-4214-0135-5. ("Merrem", стр. 176.)

Надворешни врски

уреди