Алис Манро
Алис Монро (англиски: Alice Ann Munro; 10 јули 1931 – 13 мај 2024) — канадска раскажуавчка на англиски јазик. Добитничка е на Нобеловата награда за книжевност во 2013 година.[2], и меѓународната Букерова награда во 2009 година за животно дело. Исто така е тростручен добитник на канадското признание за фикција.[3][4][5][6] За нејзината работа се смета дека придонесува кон една револуционерна архитектура на кракиот расказ, особено поради нејзината тенденција да патува низ времето преку расказот[7]. Нејзините приказни се познати по способноста да ја вметнат содржината во даден контекст — наместо само да ја најават — и истата да открие настан отколку да испарадира со даден настан[8].
Алис Манро Alice Munro | |
---|---|
Роден/а | Алис Ен Лејдло 10 јули 1931 Вингхем, Канада |
Починат/а | 13 мај 2024 Порт Хоуп, Канада | (возр. 92)
Занимање | писател |
Јазик | англиски |
Националност | Канаѓанка |
Државјанство | Канада |
Апсолвент на | Универзитет Западно Онтарио[1] |
Жанр | краток расказ |
Сопруг/а | Џејмс Манро (1951–1972) Џералд Фремлин (1976–2013, смрт) |
Деца | 3 |
Настаните во нејзините раскази се претежно сместени во Huron County во Југозападно Онтарио. Нејзините раскази ја истражуваат сложеноста на човечката состојба на еден едноставен стил во проза[9]. Нејзиното дело ја етаблира Монро како една најголемите современи писател(ки)и на фикција[10].
Животопис
уредиМонро е родена како Алис Ен Лејдлоу во Вингем, Онтарио. Нејзиниот татко, Роберт Ерик Лејдлоу бил собирач на крзна од лисици и канадски куни, а нејзината мајка, Ен Кларк Лејдлоу, била наставничка во училиште. Манро почнала со пишување како тинејџерка, ја објавила својата прва приказна „Димензијата на сенките“ во 1950 година, додека студирала англиски и новинарство на универзитетот во Западна Онтарија при двегодишна стипендија. За време на овој период работела како келнерка и како библиотекарска служба. Во 1951 година го напушта универзитетот, каде студирала англиски од 1949 година, за да се омажи за студентот колега Џејмс Манро. Тие двајцата се преселиле во Дендарејв, Западен Хановер, каде Џејмс имал работа, Во 1963 година се сели во Викторија, каде ја отвораат Книгата на Манровите, која ја праќаат и денес.
Кариера
уредиВисоковреднувната и призната прва збирка на Монро Dance of the Happy Shades [Танцот на веселите сенки] (1968), ја добива наградата Governor General's Award која во тој период претставува највисоката награда за литература во Канада. Истиот успех е проследен и со збирката на испреплетени раскази Lives of Girls and Women [Животот на девојки и жени] (1971). Во 1978 ја објавува збирката Who Do You Think You Are? [Кој мислиш дека си?]. Ова дело и ја обезбедува втората канадска награда Governor General's Award за литература. Во периодот од 1979 до 1982, Монро патува низ Австралија, Кина и Скандинавија во склоп на нејизната тура, вклучувајќи јавни настани и читања. Во 1980 година Монро се здобива со позицијата writer-in-residence со која престојува на Универзитетите Бритиш Колумбија и Универзитет Квинсланд.
Од 1980, Монро објавува збирки од кракти раскази барем по една на секои четири години. Најскорешни се они од 2001, 2004, 2006, 2009, 2012 и 2014[11]. Првите текстови на Монро се појавуваат во списанија како The New Yorker, The Atlantic Monthly, Grand Street, Harper's Magazine, Mademoiselle, и The Paris Review. Нејзините збирки се преведени на 13 јазици[12]. На 10 октомври 2013, Алис ја добива Нобеловата награда за литература, каде е наведена како „врвен уметник на современиот кракот расказ“[3]. Таа е првиот канадски писател и само 13та жена која се здобива со Нобеловата награда за литература.
Речиси 20 од делата на Монро се достапни бесплатно на интернет. Во периодот пред 2013, 16 раскази се вклучени во сопствените компилации на Монро повеќе од двапати. Две од нејзините дела се ре-објавени четири пати: "Carried Away" и "Hateship, Friendship, Courtship, Loveship, Marriage"[List of short stories by Alice Munro 1].
Повеќе филмски адаптации се снимени врз основа на нејзините раскази: Martha, Ruth & Edie (1988), Edge of Madness (2002), Away from Her (2006), Hateship, Loveship (2013) и Julieta (2016).
Дело
уредиГолем број од расказите на Монро се сместени во Huron County, Онтарио. Овој фокус на регионот е една од главните одлики на нејзиното дело. Една друга одлика е сеприсутниот раскажувач кој служи за создавање смисла на светот. Многумина ја поистоветуваат посветеноста на Монро да ги лоцира настаните во мали градови со писатели од руралниот север на Соединетите Држави. Слично како во делата на Вилијам Фолкнер и Фланери О'Конор, работата на Монро изобилува со ликови кои се соочени со длабоко-вкоренетите обичаи и традиции. Сепак нивната реакција е помалку интензивна одошто онаа во делата на споменатите автор(к)и . Машките ликови во нејзините дела имаат тенденција да го опишат секојдневниот маж, додека женските ликови се далеку покомплексни. Голем дел од нејзиното дело го опфаќа стилот познат како Северно-Онтарио Готик.
Наводи
уреди- ↑ Preface. Dance of the Happy Shades. Alice Munro. First Vintage contemporaries Edition, August 1998. ISBN 0-679-78151-X Vintage Books, A Division of Random House, Inc. New York City.
- ↑ Alice Munro Wins Nobel Prize in Literature, by Julie Bosmans, The New York Times, 10 October 2013
- ↑ 3,0 3,1 „The Nobel Prize in Literature 2013 – Press Release“ (PDF). 10 October 2013. Посетено на 10 October 2013.
- ↑ Bosman, Julie (10 October 2013). „Alice Munro Wins Nobel Prize in Literature“. New York Times. Посетено на 10 October 2013.
- ↑ „Alice Munro wins Man Booker International prize“. The Guardian. 27 May 2009.
- ↑ „Past Writers' Trust Engel/Findley Award Winners“. Посетено на 7 April 2014.
- ↑ Bosmans, Julie (10 October 2013). „Alice Munro Wins Nobel Prize in Literature“. The New York Times.
- ↑ New, W.H. (2 December 2012). „Literature in English“. Historica Canada.
- ↑ Meyer, M (2007). Alice Munro. Meyer Literature.
- ↑ Merkin, Daphne (24 October 2004). „"Northern Exposures"“. New York Times Magazine.
- ↑ „Order of Alice Munro Books“.
- ↑ Munro, Alice (1998). Dance of the Happy Shades. New York City: Vintage Books. стр. Preface. ISBN ISBN 0-679-78151-X Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).
Надворешни врски
уреди„Алис Манро“ на Ризницата ? |
- Дела од или за Алис Манро во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
- Алис Манро на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Алис Манро Архивирано на 30 април 2005 г. на The Canadian Encyclopedia
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „List of short stories by Alice Munro“, но нема соодветна ознака <references group="List of short stories by Alice Munro"/>
.