Камиј Писаро
Камиј Писаро (француски: Camille Pissarro; (Шарлота Амалија (град), 10 јули 1830 — Париз, 13 ноември 1903) – француски сликар импресионист роден на Антилите. Бил еден од учесниците на првата изложба на импресионистите во Париз во 1874 година. Во доцната фаза се определил за поентилизмот на Сера и Сињак.
Камиј Писаро Camille Pissarro | |
---|---|
Писаро околу 1900 година | |
Роден(а) | Јакоб Абрахам Камиј Писаро 10 јули 1830 Шарлота Амалија, Сент Томас, Дански Западноиндиски Острови (денес Американски Девствени Острови) |
Починал(а) | 13 ноември 1903 Париз, Франција | (возр. 73)
Националност | данско-француска |
Познат(а) по | Сликарство |
Правец | импресионизам постимпресионизам |
Живот и дело
уредиДетство
уредиКамиј Писаро се родил во 1830 година на остров во Карипското Море. Неговото семејство имало галантериска продавница и живеела на горниот кат во простран апартмана со поглед на главната улица. Во малиот пристаништен град Шарлота Амалија било многу возбудливо, тука доаѓале бродови кои носеле стока. Градот имал статус на „слободно пристаниште“ и во него влегувале бродови кои сообраќале и превезувале стока меѓу Америка, Европа и Африка. Со своето семејство Камиј зборувал француски додека со домородното црнечко население зборувал шпански или англиски.
Школа во париски интернат и почеток на уметност
уредиКога имал дванаесет години родителите го пратиле во интернатска школа во Париз. Директорот на училиштето го забележал талентот на младиот Камиј и му советувал во тропските краеви каде живеел да слика палми и Камиј кога се вратил дома го послушал советот. Така кога во 1874 година се вратил дома на островот, сето свое слободно време го користел за сликање не само на палми, туку и други егзотични растенија и случки од животот околу него. Секаде со себе го носи својот блок за скицирање и во овие цртежи се искажува неговата нарав на искрен и едноставен посматрач. Во пристаништето слика бродови кои доаѓаат и животот околу нив. Бидејќи не нашол разбирање кај своите родители за својот интерес, одлучил да побегне од дома.
Бег од дома и пат за Венеција
уредиКамиј со своите 23 години прв пат ја осетил сласта на слободата која неочекувано ја стекнал. Цело време прави скици, слика со акварел, прави цртежи со молив и туш и своите дела ги потпишува на шпански јазик со Писаро.
Во 1852 година неговите родители се помириле со неговите амбиции, па тој се враќа дома за да замине на студии по уметност во Париз.
Студии во Париз
уредиНа предавањата на академските учители Писаро не наоѓал вдахновение и се интересирал за уметнички правци кои не биле примани од страна на широката јавност. Во нивните дела почнал да наоѓа сличности со своите убедувања и начинот на посматрање. Тој верно ја бележел секоја страна на објектот и се интересирал за светлината и светлосните услови и ја сфаќал како неделив дел на предметот што го осветлува.
Тврда критика
уредиПовеќето стручњаци не го разбирала значењето на ова доба и промената која овие дела ги делела и раздвојувала од класиците, застапниците на „старата школа“ на сликарство и сликарски техники новиот начин на сликање го сметале за грешка од страна на сликарите.
Наоѓањето на сопствен стил за младиот сликар било многу сложено. Нагла промена се случила кога ги сретнал Клод Моне и Пол Сезан и благодарение на нив нашол многу познанства кои внеле нови поттици и нов изглед.
Најголем обожавател на Писаро
уредиНеколку години откако Камиј дошол во Париз, неговите родители му ја оставиле продавницте на управување на управникот и се населиле во Париз. Изнајмиле слугинка, Јулија Велај, која станала најголем обожавател на делата на Камиј и негова животна сопатничка со која имале шест деца.
Тежнеење за независност
уредиОнерасположени од острата критика на официјалната изложба во 1874 година, Писаро и Моне организирале независни изложби на кои подоцна учествувале многу авангардни уметници Реноар, Алфред Сисли, Дега, Сезан и други. Првите изложби наишле на остри критики и прв пат бил воведен поимот импресионизам како навредлив назив за слика, а потоа и правец чии припадници тешко доживеале признанија за време на нивниот живот. Писаро бил во средиштето на импресионистичкото движење. На седмата изложба на импресионистите, во 1882 година, Писаро изложил низа слики со тема селани, кои предизвикале одушевување кај критичарите и писателот Ј. К. Уисманс. И Дега бил воодушевен од Писаровите селани.
Експерименти
уредиКамиј Писаро експериментирал со теоријата на светлото и го проучувал влијанието на светлото, климата и годишните времиња, внесувал нови техники во уметноста. Своите сознанија ги споил во нов стил кој останал како самостоен стил во импресионизмот. Бил признат и како учител и станал средиште на група сликари Реноар, Моне, Дега, како и Сезан кои го почитувале и ценеле неговото сликарство и му се обраќале кога барале извор за инспирација.
Слава на крајот на животот
уредиВо 74-тата година конечно доживеал уважување кое го избегнувало цел живот и неговите слики се продавале на аукциите по високи цени, а новата генерација го сака и прифаќа. Тој никогаш не ја изгубил способноста да го задржи воодушевувањето и љубовта кон природата, како и способноста да го зафати животот на платното со јасност и незаборавен шарм.
Активен и продуктивен сликар, умрел од труење на крвата во 1903 година во Авр во Франција.
Галерија
уредиКликнете на сликата за нејзино зголемување
Литература
уредиНадворешни врски
уреди„Камиј Писаро“ на Ризницата ? |
- Profiles of Outstanding Virgin Islanders: Camille Pissarro Архивирано на 8 ноември 2007 г.[мртва врска] (includes link to photograph of Pissarro)
- Photograph of Pissarro's Mausoleum at Cimitiere Pere Lachaise, Paris (JPG)