Трка околу Полска 2012 било 69. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Полска. Започнала на 10 јули во Карпач и завршила на 16 јули во Краков, по седум етапи.[1] Таа ќе биде 19. трка од сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена од возачот на Ликвигас-КанондејлМорено Мозер,[2] кој освоил жолтата маичка по освојувањето на претпоследната етапа и го одржал водството на трката до нејзиниот крај; исто така победил и на воведната етапа, прва негова победа на ниво на Светската турнеја. Разликата помеѓу победникот и второпласираниот Михал Квјатковски од Омега Парма-Квик Степ – највисоко пласиран полски возач - била пет секунди,[3] и возачот на Тим СкајСерхио Енао го довршил подиумот,[4] единаесет секунди зад Квјатковски и шеснаесет зад Мозер.
Во другите пласмани на трка, возачот на Вакансолел-ДКМТомаш Марчињски го освоил планинскиот пласман,[2] возачот на Тим Скај Бен Свифт ја освоил белата маичка за бодовниот пласман, откако освоил две етапи на трката,[4] и Адријан Курек од Утенсилнорд-Нејм го освоил пласманот за средни спринтови,[2] втора година по ред. Поради нивните две етапни победи, екипата Тим Скај завршила на чело на екипниот пласман.[4]
Бидејќи Трката околу Полска е настан од Светската турнеја на UCI, сите осумнаесет UCI ProTeam екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат екипа. Заедно со Тим Полска БГЗ – полската национална екипа - шест други екипи биле повикани со дополнителни покани на трката и со тоа се создала главната група од 25 екипи.[7][8]
Дваесет и петте екипи кои се натпреварувале на трката биле:[9]