Отвори го главното мени

Критериум ди Дофине 2013

Критериум ди Дофине 2013 било 65. издание на велосипедската етапна трка Критериум ди Дофине; трка организирана од Amaury Sport Organisation, дел од Светската турнеја. Трката се состоела од осум етапи, започнувајќи го Шампери на 2 јуни, прв почеток на трката во Швајцарија и завршувајќи во Ризул на 9 јуни и била шеснаесетта трка во сезоната на Светската турнеја 2013. Дофине била гледана како одлична подготовка за јулскиот Тур де Франс и голем број на фаворити за генералниот пласман на Тур учествувале на Дофине.[1] Вклучувала планински етапи, како и индивидуален хронометар сличен во должина на Тур.[2]

Критериум ди Дофине 2013
Светска турнеја UCI 2013, трка 16 од 28
Детали за трката
Датум(и) 2–9 јуни 2013
Етапи 8
Растојание 1.136,5 км
Време 29ч 28' 46" (23,9 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Крис Фрум (Велика Британија) (Тим Скај)
Втор  Ричи Порт (Австралија) (Тим Скај)
Трет  Даниел Морено (Шпанија) (Катјуша)

Бодовен  Џани Мерсман (Белгија) (Омега Парма-Квик Степ)
Планински  Тома Дамизо (Франција) (Аргос-Шимано)
Младински  Роан Денис (Австралија) (Гармин-Шарп)
Екипен Тим Скај
2012
2014

Трката била освоена од Британецот Крис Фрум од Тим Скај[3], трета година по ред екипата ја освојува трката, откако Бредли Вигинс ја освоил трката во 2011 и 2012, преземајќи го водството на трката по освојувањето на петтата етапа и одржувајќи ја својата предност до крајот на трката за победа на четвртата етапна трка во сезоната 2013.[4] На крајот, Фрум го освоил генералниот пласман со 58 секунди пред второпласираниот и негов колега Ричи Порт,[3] помошник за Фрум на планинските етапи. Подиумот бил заокружен со возачот на Даниел Морено од Катјуша, кој завршил 74 секунди зад Порт и две минути и 12 секунди зад Фрум.[5]

На другите пласмани на трката, возачот на Гармин-Шарп Роан Денис бил освојувач на белата маичка во пласманот за млад возач, како највисоко пласиран возач роден во 1988 или подоцна, завршувајќи на осмото место во генералниот пласман.[6] И покрај тоа што не освоил ниедна етапа на трката, Џани Мерсман од Омега Парма-Квик Степ ја освоил зелената маичка,[7] како победник на бодовниот пласман, додека црвено-белата точкаста маичка за планинскиот пласман ја освоил возачот на Аргос-Шимано Тома Дамизо.[8] Екипниот пласман бил освоен од Тим Скај втора година по ред со над дванаесет минути предност пред втората најдобра екипа Тим Саксо-Тинкоф.[3]

ЕкипиУреди

Бидејќи Критериум ди Дофине е настан од Светската турнеја UCI, сите UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и биле обврзани да испратат екипа. Првично, осумнаесет UCI World Tour биле поканети на трката, додека четири други екипи добиле специјални покани,[9] и со тоа била создадена главната група од 22 екипи. Подоцна, Катјуша го повратила својот ProTour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[10][11] Бидејќи Катјуша не биле првично поканети на трката,[12] организаторите на трката го објавиле нивното вклучување на трката, зголемувајќи го бројот на екипи на дваесет и три.[13]

Во текот на Џиро д’Италија, Силвен Жорж бил позитивен на тестот за вазодилаторен хептаминол,[14] по седмата етапа; неговиот позитивен тест бил втор за возач од екипата Аг2р-Ла Мондијал во текот на една година, откако Стив Унар бил позитивен за гликобелковинскиот хормон еритропоетин (ЕПО) во тест надвор од сезоната во септември 2012.[15] Бидејќи екипата била член на Движењето за чесен велосипедизам, вториот позитивен тест значел, дека според одредбите на движењето, тие морале да престанат со тркање во период од осум дена.[16] Иако екипата доброволно се повлекла од Дофине, поминала без парична казна,[17] која можеле да ја добијат поради одбивање да настапат на настан од Светската турнеја, што е спротивно на одредбите на UCI. Така, групата повторно била намалена на 22 екипи.

Дваесет и двете екипи кои настапиле на трката биле:[18]

Помеѓу 176. возачи кои ја започнале трката се наоѓал само еден поранешен победник на трката; Алехандро Валверде, победник на трката во 2008 и 2009, предводувајќи го Мовистар Тим на Критериум ди Дофине.[19]

РаспоредУреди

Рутата за трката била објавена на 15 април 2013.[2]

Етапа Рута Должина Вид Датум Победник
1 Шампери (Швајцарија) до Шампери (Швајцарија) 121 км   Среднопланинска етапа 2 јуни   Давид Вејо (КАН)
2 Шател до Ојонакс 191 км   Рамна етапа 3 јуни   Елија Вивијани (ИТА)
3 Амбере ан Буже до Тарар 167 км   Рамна етапа 4 јуни   Едвалд Боасон Хаген (НОР)
4 Вилар ле Домб до Парк де Езео 32,5 км   Индивидуален хронометар 5 јуни   Тони Мартин (ГЕР)
5 Грези сир Екс до Валморел 139 км   Среднопланинска етапа 6 јуни   Крис Фрум (ВБР)
6 Ла Лешер до Гренобл 143 км   Рамна етапа 7 јуни   Тома Веклер (ФРА)
7 Пон де Кле до Сен Етјен ан Деволу 187,5 км   Среднопланинска етапа 8 јуни   Самуел Санчез (ШПА)
8 Систерон до Ризул 155,5 км   Среднопланинска етапа 9 јуни   Алесандро де Марки (ИТА)

ЕтапиУреди

Етапа 1Уреди

2 јуни 2013 — Шампери (Швајцарија) до Шампери (Швајцарија), 121 км[20]
Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1   Давид Вејо (КАН)       Тим Јуропкар 3ч 17' 35"
2   Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 56"
3   Том-Јелте Слагтер (ХОЛ)   Бланко Про Сајклинг + 1' 57"
4   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 1' 57"
5   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 1' 57"
6   Анхел Мадразо (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
7   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 57"
8   Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
9   Тони Галопен (ФРА) РадиоШек-Леопард + 1' 57"
10   Леополд Кениг (ЧЕШ) Тим НетАп-Ендура + 1' 57"

Етапа 2Уреди

3 јуни 2013 — Шател до Ојона, 191 км[21]
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1   Елија Вивијани (ИТА) Канондејл 4ч 39' 15"
2   Џани Мерсман (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
3   Тони Галопен (ФРА) РадиоШек-Леопард и.в.
4   Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР) Аргос-Шимано и.в.
5   Антони Геслен (ФРА) ФДЖ и.в.
6   Арминдо Фонсека (ФРА) Бретањ-Сеше анвиронман и.в.
7   Брам Танкинк (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг и.в.
8   Варан Баргиј (ФРА) Аргос-Шимано и.в.
9   Хуан Антонио Флеча (ШПА) Вакансолел-ДКМ и.в.
10   Весли Сулцбергер (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1   Давид Вејо (КАН)   Тим Јуропкар 7ч 56' 50"
2   Џани Мерсман (БЕЛ)   Омега Парма-Квик Степ + 1' 56"
3   Тони Галопен (ФРА)   РадиоШек-Леопард + 1' 57"
4   Варан Баргиј (ФРА) Аргос-Шимано + 1' 57"
5   Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
6   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 57"
7   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 1' 57"
8   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 1' 57"
9   Анхел Мадразо (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
10   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 1' 57"

Етапа 3Уреди

4 јуни 2013 — Амбери ан Буже до Тарар, 167 км[22]
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1   Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај 4ч 03' 32"
2   Мајкл Метјус (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
3   Џани Мерсман (БЕЛ)   Омега Парма-Квик Степ и.в.
4   Тор Хушовд (НОР) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
5   Елија Вивијани (ИТА) Канондејл и.в.
6   Рејнарт Јансе ван Ренсбург (ЈАР) Аргос-Шимано и.в.
7   Насер Буани (ФРА) ФДЖ и.в.
8   Паул Фос (ГЕР) Тим НетАп-Ендура и.в.
9   Силвен Шаванел (ФРА) Омега Парма-Квик Степ и.в.
10   Франческо Гаваци (ИТА) Астана и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1   Давид Вејо (КАН)   Тим Јуропкар 12ч 00' 22"
2   Џани Мерсман (БЕЛ)   Омега Парма-Квик Степ + 1' 56"
3   Тони Галопен (ФРА)   РадиоШек-Леопард + 1' 57"
4   Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
5   Варан Баргиј (ФРА) Аргос-Шимано + 1' 57"
6   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 1' 57"
7   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 1' 57"
8   Анхел Мадразо (ШПА) Мовистар Тим + 1' 57"
9   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 1' 57"
10   Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 57"

Етапа 4Уреди

5 јуни 2013 — Вилар ле Домб до Парк де Езео, 32,5 км, индивидуален хронометар (ITT)[23]
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1   Тони Мартин (ГЕР) Омега Парма-Квик Степ 36' 54"
2   Роан Денис (АВС) Гармин-Шарп + 47"
3   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 52"
4   Џонатан Кастровјехо (ШПА) Мовистар Тим + 1' 08"
5   Михал Квијатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 13"
6   Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај + 1' 19"
7   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 1' 20"
8   Јан Барта (ЧЕШ) Тим НетАп-Ендура + 1' 36"
9   Марко Пиноти (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 38"
10   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 1' 42"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1   Роан Денис (АВС)     Гармин-Шарп 12ч 40' 00"
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 5"
3   Михал Квијатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 26"
4   Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај + 32"
5   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 33"
6   Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 55"
7   Давид Вејо (КАН) Тим Јуропкар + 1' 09"
8   Леополд Кениг (ЧЕШ) Тим НетАп-Ендура + 1' 11"
9   Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 1' 14"
10   Андриј Гривко (УКР) Астана + 1' 26"

Етапа 5Уреди

6 јуни 2013 — Грези сир Екс до Валморел, 139 км[24]
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 3ч 28' 39"
2   Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо-Тинкоф + 4"
3   Метју Буше (САД) РадиоШек-Леопард + 4"
4   Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 10"
5   Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 12"
6   Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 12"
7   Реин Тарамае (ЕСТ) Кофидис + 12"
8   Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 21"
9   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 24"
10   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 29"
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1   Крис Фрум (ВБР)   Тим Скај 16ч 08' 44"
2   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 52"
3   Роан Денис (АВС)   Гармин-Шарп + 54"
4   Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 37"
5   Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 1' 47"
6   Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 1' 49"
7   Реин Тарамае (ЕСТ) Кофидис + 1' 52"
8   Михал Квијатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 58"
9   Леополд Кениг (ЧЕШ) Тим НетАп-Ендура + 2' 16"
10   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 2' 20"

Етапа 6Уреди

7 јуни 2013 — Ла Лешер до Гренобл, 143 км[25]
Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1   Тома Веклер (ФРА) Тим Јуропкар 3ч 24' 13"
2   Хосе Ерада (ШПА) Мовистар Тим и.в.
3   Кевин Селдрејерс (БЕЛ) Астана и.в.
4   Егор Силин (РУС) Астана и.в.
5   Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај + 46"
6   Џани Мерсман (БЕЛ)   Омега Парма-Квик Степ + 46"
7   Франческо Гаваци (ИТА) Астана + 46"
8   Весли Сулцбергер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 46"
9   Арно Жерар (ФРА) Бретањ-Сеше анвиронман + 46"
10   Михал Квијатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 46"
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1   Крис Фрум (ВБР)   Тим Скај 19ч 33' 43"
2   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 52"
3   Роан Денис (АВС)   Гармин-Шарп + 54"
4   Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 37"
5   Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 1' 47"
6   Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 1' 49"
7   Реин Тарамае (ЕСТ) Кофидис + 1' 52"
8   Михал Квијатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 1' 58"
9   Леополд Кениг (ЧЕШ) Тим НетАп-Ендура + 2' 16"
10   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 2' 20"

Етапа 7Уреди

8 јуни 2013 — Пон де Кле до Сен Етјен ан Деволу, 187,5 км[26]
Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1   Самуел Санчез (ШПА) Еускалтел-Еускади 5ч 26' 14"
2   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана и.в.
3   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 15"
4   Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 16"
5   Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 16"
6   Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 16"
7   Крис Фрум (ВБР)   Тим Скај + 16"
8   Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 16"
9   Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 16"
10   Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо-Тинкоф + 23"
Генерален пласман по етапа 7
Возач Екипа Време
1   Крис Фрум (ВБР)   Тим Скај 25ч 00' 13"
2   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 51"
3   Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 1' 37"
4   Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 1' 47"
5   Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 1' 49"
6   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 2' 04"
7   Стеф Клемент (ХОЛ) Бланко Про Сајклинг + 2' 32"
8   Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 2' 47"
9   Роан Денис (АВС)   Гармин-Шарп + 2' 48"
10   Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо-Тинкоф + 2' 56"

Етапа 8Уреди

9 јуни 2013 — Систерон до Ризул, 155,5 км[27]
Резултат од етапа 8
Возач Екипа Време
1   Алесандро де Марки (ИТА) Канондејл 4ч 28' 09"
2   Крис Фрум (ВБР)   Тим Скај + 24"
3   Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 24"
4   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 31"
5   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 38"
6   Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 49"
7   Хоаким Родригез (ШПА) Катјуша + 49"
8   Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 49"
9   Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 55"
10   Роан Денис (АВС)   Гармин-Шарп + 1' 00"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1   Крис Фрум (ВБР)   Тим Скај 29ч 28' 46"
2   Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 58"
3   Даниел Морено (ШПА) Катјуша + 2' 12"
4   Јакоб Фуглсанг (ДАН) Астана + 2' 18"
5   Даниел Наваро (ШПА) Кофидис + 2' 20"
6   Мајкл Роџерс (АВС) Тим Саксо-Тинкоф + 3' 08"
7   Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим + 3' 12"
8   Роан Денис (АВС)   Гармин-Шарп + 3' 24"
9   Самуел Санчез (ШПА) Еускалтел-Еускади + 4' 25"
10   Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо-Тинкоф + 4' 27"

ПоредокУреди

На Критериум ди Дофине 2013 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка со сина лента.[28] Овој пласман бил сметан за најважен на Критериум ди Дофине 2013 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.

Дополнително, постоел бодовен пласман наградуван со зелена маичка.[28] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови за завршување во првите десет на етапа. На сите етапи, победата носела 15 бода, второто место 12 носело 12 бода, третото 10, четвртото 8, петтото 6 и еден помалку за секое место надолу сè до еден бод за 10. место. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 5 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[28]

Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со бело-црвена точкаста маичка.[28] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Искачувањата од екстра категорија носеле најмногу бода, 20 за првиот возач преку врвот; првите десет возачи на искачувањата од екстра категорија добивале бодови за планинскиот пласман, првите осум за оние од прва категорија и првите шест за оние од втора категорија.[28] Помалку бодови се добивале на помалите искачувања, обележани со трета или четврта категорија.[28]

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, наградуван со бела маичка.[28] Пласманот бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но тука се натпреварувале само возачите родени по 1 јануари 1988. Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[28]

Етапа Победник Генерален пласман
 
Планински пласман
 
Бодовен пласман
 
Пласман за млад возач
 
Екипен пласман
 
1 Давид Вејо Давид Вејо Давид Вејо Давид Вејо Том-Јелте Слагтер Тим Јуропкар
2 Елија Вивијани Тома Дамизо Џани Мерсман Тони Галопен
3 Едвалд Боасон Хаген
4 Тони Мартин Роан Денис Роан Денис Тим Скај
5 Крис Фрум Крис Фрум
6 Тома Веклер
7 Самуел Санчез
8 Алесандро де Марки
На крај Крис Фрум Тома Дамизо Џани Мерсман Роан Денис Тим Скај

НаводиУреди

  1. Стоукс, Шејн. „Alpe d'Huez highlight of 2013 route, race to begin in Switzerland“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 15 април 2013 (посет. 29 мај 2013 г).
  2. 2,0 2,1 Објавена е рутата за Критериум ди Дофине 2013“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 април 2013 (посет. 29 мај 2013 г).
  3. 3,0 3,1 3,2 Team seal Dauphine one-two“, „Тим Скај“, BSkyB, 9 јуни 2013 (посет. 9 јуни 2013 г).
  4. Крис Фрум ја запечати победата на Критериум ди Дофине со 1-2 победа за Тим Скај“, „Sky Sports“, BSkyB, 9 јуни 2013 (посет. 9 јуни 2013 г).
  5. Daniel Moreno takes the podium place in final classification“, „Катјуша“, Katusha Management SA, 9 јуни 2013 (посет. 9 јуни 2013 г).
  6. Падикомб, Стивен. „Крис Фрум победи на Критериум ди Дофине 2013“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 9 јуни 2013 (посет. 9 јуни 2013 г).
  7. Мерсман ја освои зелената маичка“, „Омега Парма-Квик Степ“, Decolef, 9 јуни 2013 (посет. 9 јуни 2013 г).
  8. Thomas Damuseau King of the Mountains at Critérium Dauphiné“, „Аргос-Шимано“, Project 1t4i, 9 јуни 2013 (посет. 9 јуни 2013 г).
  9. Аткинс, Бен. „Објавени поканите за Париз-Ница и Критериум ди Дофине“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 23 јануари 2013 (посет. 30 мај 2013 г).
  10. CAS нареди лиценца за Светската турнеја за Катјуша“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 февруари 2013 (посет. 30 мај 2013 г).
  11. UCI потврди 19 WorldTour екипи за 2013“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 18 февруари 2013 (посет. 30 мај 2013 г).
  12. Westby, Matt. „Katusha overlooked for Criterium du Dauphiné and Paris-Nice wildcards“, „Sky Sports“, BSkyB, 23 јануари 2013 (посет. 30 мај 2013 г).
  13. Katusha's return swells Paris-Nice, Dauphine“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 февруари 2013 (посет. 30 мај 2013 г).
  14. Силвен Жорж позитивен за хептаминол“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 мај 2013 (посет. 30 мај 2013 г).
  15. Стоукс, Шејн. „Ag2r La Mondiale to voluntarily miss Критериум ди Дофине after Georges' positive confirmed“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 21 мај 2013 (посет. 30 мај 2013 г).
  16. UCI to allow Ag2r-La Mondiale self-ban without penalty“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 25 мај 2013 (посет. 30 мај 2013 г).
  17. PCC grants MPCC's request to allow Ag2R La Mondiale to forfeit participation in Критериум ди Дофине without financial penalty“, „UCI.ch“, Меѓународен велосипедистички сојуз, 24 мај 2013 (посет. 30 мај 2013 г).
  18. Стартна листа за Критериум ди Дофине 2013“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 мај 2013 (посет. 30 мај 2013 г).
  19. Dauphiné and Suisse in the horizon“, „Мовистар Тим“, Movistar, 30 мај 2013 (посет. 9 јуни 2013 г).
  20. „Етапа 1“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. конс. 3 јуни 2013. 
  21. „Етапа 2“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. конс. 4 јуни 2013. 
  22. „Етапа 3“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. конс. 5 јуни 2013. 
  23. „Етапа 4“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. конс. 5 јуни 2013. 
  24. „Етапа 5“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. конс. 6 јуни 2013. 
  25. „Етапа 6“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. конс. 7 јуни 2013. 
  26. „Етапа 7“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. конс. 8 јуни 2013. 
  27. „Етапа 8“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. конс. 9 јуни 2013. 
  28. 28,0 28,1 28,2 28,3 28,4 28,5 28,6 28,7 „Критериум ди Дофине 2013: Специјални правила“. Критериум ди Дофине. Amaury Sport Organisation. конс. 3 June 2013. 

Надворешни врскиУреди