Светска турнеја на UCI 2022

сезона 2022 на Светската турнеја


Светска турнеја на UCI 2022 — низа трки предвидени во сезоната 2022, кои вклучуваат триесет и три друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2022.[1] Турнејата започнала со воведната етапа на Трка ОАЕ на 20 февруари,[1] а е предвидено да заврши со завршната етапа на Трката околу Гуангси на 18 октомври.

Светска турнеја на UCI 2022
Четиринаесетто издание на Светска турнеја на UCI
Лого на Светската турнеја {!}alt=Logo
Лого на Светската турнеја
Поединости
Датуми20 февруари – 18 октомври
МестаКанада, Кина, Европа и Среден Исток
Трки33
2021
2023

Настани

уреди

Календарот за 2022 година бил објавен во есента 2021 година.[1]

Трки во Светската турнеја на UCI 2022[1]
Трка Датум Победник Втор Трет
  Трка ОАЕ 20–26 февруари   Тадеј Погачар (СЛО)   Адам Јејтс (ВБР)   Пељо Билбао (ШПА)
  Омлоп Хет Ниусблад 26 февруари   Ваут ван Ерт (БЕЛ)   Сони Колбрели (ИТА)   Грег ван Авермет (БЕЛ)
  Страде Бјанке 5 март   Тадеј Погачар (СЛО)   Алехандро Валверде (ШПА)   Каспер Асгрен (ДАН)
  Париз-Ница 6–13 март   Примож Роглич (СЛО)   Сајмон Јејтс (ВБР)   Даниел Мартинес (КОЛ)
  Тирено-Адријатико 7–13 март   Тадеј Погачар (СЛО)   Јонас Вингегор (ДАН)   Микел Ланда (ШПА)
  Милано-Санремо 19 март   Матеј Мохорич (СЛО)   Антони Тиржис (ФРА)   Матје ван дер Пул (ХОЛ)
  Волта а Каталуња 21–27 март   Серхио Игита (КОЛ)   Ричард Карапас (ЕКВ)   Жоао Алмеида (ПОР)
  Класик Брухе-Де Пане 23 март   Тим Мерлир (БЕЛ)   Дилан Груневеген (ХОЛ)   Насер Бухани (ФРА)
  Е3 Саксо Банк Класик 25 март   Ваут ван Ерт (БЕЛ)   Кристоф Лапорт (ФРА)   Штефан Кинг (ШВА)
  Гент-Вевелгем 27 март   Бинијам Хирмај (ЕРИ)   Кристоф Лапорт (ФРА)   Дрис Ван Гестел (БЕЛ)
  Дварс дор Вландерен 30 март   Матје ван дер Пул (ХОЛ)   Тиш Бенот (БЕЛ)   Том Пидкок (ВБР)
  Трка околу Фландрија 3 април   Матје ван дер Пул (ХОЛ)   Дилан ван Барле (ХОЛ)   Валентен Мадуа (ФРА)
  Трка околу Баскија 4–9 април   Даниел Мартинес (КОЛ)   Јон Исагире (ШПА)   Александар Власов[б 1]
  Амстел Голд Рејс 10 април   Михал Квјатковски (ПОЛ)   Беноа Конфруа (ФРА)   Тиш Бенот (БЕЛ)
  Париз-Рубе 17 април   Дилан ван Барле (ХОЛ)   Ваут ван Ерт (БЕЛ)   Штефан Кинг (ШВА)
  Флеш Валон 20 април   Дилан Тенс (БЕЛ)   Алехандро Валверде (ШПА)   Александар Власов[б 1]
  Лиеж-Бастоњ-Лиеж 24 април   Ремко Евенепул (БЕЛ)   Квинтен Херманс (БЕЛ)   Ваут ван Ерт (БЕЛ)
  Тур де Романди 26 април – 1 мај   Александар Власов[б 1]   Џино Медер (ШВА)   Зимон Гешке (ГЕР)
  Ешборн-Франкфурт 1 мај   Сем Бенет (ИРС)   Фернандо Гавирија (КОЛ)   Александер Кристоф (НОР)
  Џиро д’Италија 6–29 мај   Џеј Хиндли (АВС)   Ричард Карапас (ЕКВ)   Микел Ланда (ШПА)
  Критериум ди Дофине 5–12 јуни   Примож Роглич (СЛО)   Јонас Вингегор (ДАН)   Бен О’Конор (АВС)
  Тур де Свис 13–19 јуни   Герајнт Томас (ВБР)   Серхио Игита (КОЛ)   Јакоб Фуглсанг (ДАН)
  Тур де Франс 1–24 јули
  Класика де Сан Себастијан 30 јули
  Трка околу Полска 30 јули – 5 август
 /  Трка околу Бенелукс 7–13 август
  Вуелта а Еспања 19 август – 11 септември
  Хамбуршки Класик 21 август
  Класик Бретања 28 август
  ГП Квебек 9 септември
  ГП Монтреал 11 септември
  Џиро ди Ломбардија 8 октомври
  Трка околу Гуангси 13–18 октомври

Откажани настани

уреди

Поради логистички проблеми поврзани со пандемијата на КОВИД-19 покренати од страна на екипите во однос на патувањето во Австралија (вклучувајќи ги строгите обврски за карантин), трката Тур Даун Андер (18–23 јануари) и трката Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ (30 јануари) биле откажани.[3]

Забелешки

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Од 1 март 2022 година, UCI објавил дека велосипедистите од Русија и Белорусија не можат повеќе да настапуваат во име на знамето на нивните држави поради руската инвазија на Украина.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „UCI Calendar“. UCI. Посетено на 28 November 2021.
  2. „The UCI takes strong measures in the face of the situation in Ukraine“. UCI. 1 March 2022. Посетено на 7 April 2022.
  3. „Ciclismo, emergenza Covid – Tour Down Under cancellato anche nel 2022, salta anche Cadel Evans Great Ocean Road Race“. www.eurosport.it (италијански). 30 September 2021. Посетено на 11 January 2022.

Надворешни врски

уреди