Фландриски класици

Фландриски класици — службена соработка помеѓу организаторите на класичните велосипедски трки одржувани во Фландрија. Била отпочната во 2010 година и се состои од шест трки, од кои Трката околу Фландрија, еден од петте монументи во велосипедските класици, се смета за најважна. Сепак, важни класици како Е3 Харелбеке и Курне-Брисел-Курне не се вклучени.

Лого на „Фландриските класици“

Мисија

уреди

Мисијата на фландриските класици е да се обезбеди местото на фламанските класици во меѓународниот велосипедски календар. Со оваа организација го подобруваат статусот на помалите фламански трки. Соработката веќе успеала да постигне подобар датум за три од трките: Гент-Вевелгем ќе се одржува во недела помеѓу Милано-Санремо и Трката околу Фландрија; Схелдепрејс ќе се одржува помеѓу Трката околу Фландрија и Париз-Рубе, а Брабантсе Пејл ќе се одржува пред арденските класици, каде влегуваат Амстел Голд Рејс, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж.

Класици

уреди
Трка Забелешки
Омлоп Хет Ниусблад Воведна трка во белгиската велосипедска сезона.
Дварс дор Вландерен Традиционално, ова е прв ден од „фламанската велосипедска недела“, заедно со Гент-Вевелгем, Три дена Де Пане и Трката околу Фландрија.
Гент-Вевелгем Ова е прв од трите калдрмисани класици и се одржува во недела помеѓу Милано-Санремо и Трката околу Фландрија.
Трка околу Фландрија Ова е единствената фламанска трка од петте монументи.
Схелдепрејс Оваа трка се одржува помеѓу Трката околу Фландрија и Париз-Рубе.
Брабантсе Пејл Оваа трка сега се одржува пред арденските класици.

Надворешни врски

уреди