Јом кипур

(Пренасочено од Јом Кипур)

Јом Кипур (хебрејски: יוֹם כִּפּוּר, „Ден на покајание[1]) — еврејски празник, кој го означува последниот 10-ти ден од еврејската Нова година.

Јом кипур
{{{holiday_name}}}
„Евреи како се молат во синагога на Јом кипур“ (1878) од Маврициј Готлиб
Го празнува(ат)Евреи, Самарјани и некои христијански групи
Видеврејски
Значењеискупување на личните и националните гревови, судбината на секој поединец е запечатена за престојната година
Датум10 тишри
Обичаипост, молитва, воздржување од телесни задоволства, воздржување од работа
ПоврзаноРош ашана (пред Јом кипур)
Ашура во исламскиот календар
Прочка

Значење

уреди

Ова е празник на прошката за гревовите. Во текот на десетте дена од еврејската Нова година до почетокот на Јом кипур, човекот кој погрешил треба да отиде кај човекот кому му направил неправда и од него да побара прошка, да каже дека се кае и да плати отштета во висина од 20% до работата која евентуално била одземена од другиот. Притоа, грешникот не може да побара некое општо простување од Бога, туку прошката треба да се добие директно од оној кому му е нанесен гревот. Деновите од еврејската Нова година до Јом кипур се нарекуваат „страшни денови“ во кои времето треба да се поминува во молитва и да се прават добри дела.[2]

Славење

уреди

Прославувањето на празникот не може да почне додека не се соберат најмалку десет машки глави, постари од 13 години. Јом кипур се прославува 25 часа во текот на кои верниците не треба да јадат ниту да пијат. Цереминијата започнува непосредно пред зајдисонце, кога Евреите палат свеќи во своите домови, по што заминувааат во синагогата, каде што започнува вечерната молитва. Притоа, луѓето се облечени во бело како симбол на чистотата и не смеат да носат никаква кожна облека или обувки. Во синагогата се изнесуваат свитоци од Тората и започнува молитвата наречена „Сите завети“. При нејзиното траење често се повторува зборот „видуи“, што значи признавање на гревот и се наведуваат сите можни престапи кои може да ги направи еден човек или заедница. Притоа, се бара простување и за народот и за себе, лично.

По службата, луѓето се враќаат дома, а утрото започнува утринската молитва (најдоцна до девет часот), а по неа следат уште четири молитви во попладневните и вечерните часови. Последната молитва се одржува пред зајдисонце и таа е најинтензивна, зашто се верува дека тогаш се затвораат небесните порти низ кои треба да помине молитвата. Потоа се слуша звук на рог од овен (шофар), со што симболично се означува крајот на празникот. Со тоа завршува постот, а верниците се послужуваат со колачиња, чај и бело кафе.[2]

Статус во Македонија

уреди

Првиот ден на Јом кипур е официјален празник и неработен ден за припадниците на еврејската заедница во државата.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот (PDF). прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7.
  2. 2,0 2,1 „На Јом кипур луѓето бараат прошка за своите гревови“, Дневник, година XVIII, број 5582, петок, 3 октомври 2014, стр. 32.
  3. „Програма на неработни денови за 2015 година“ (PDF). Министерство за труд и социјална политика на РМ. Посетено на 6 јануари 2015.

Надворешни врски

уреди