Акапски Залив (арапски: خليج العقبة, Халиџ ел-Акаба) или Ејлатски Залив (хебрејски: מפרץ אילת, Мифрац Ејлат) — голем залив на северниот крај на Црвеното Море, источно од Синајскиот Полуостров и западно од Арапскиот Полуостров. На него излегуваат неколку земји: Египет, Израел, Јордан и Саудиска Арабија.

Акапски Залив
Синајскиот Полуостров со Акапскиот Залив на исток и Суецкиот Залив на запад
Подрачјејугозападна Азија и североисточна Африка
Видзалив
Главни приливиЦрвено Море
Сливни земјиЕгипет, Израел, Јордан и Саудиска Арабија
Најг. должина160 км
Најг. ширина24 км
Најг. длабочина1.850 м
Синајскиот Полуостров со Суецкиот Залив (лево) и Акапскиот Залив (десно)

Географија

уреди

Заливот се наоѓа на источната страна од Синајскиот Полуостров, а на запад од Арапскиот Полуостров. Со Суецкиот Залив на запад, се протега од северниот дел на Црвеното Море. Достигнува максимална длабочина од 1.850 м во средишниот дел: Суецкиот залив пак, е доста поширок, но поплиток од 100 м.

Акапскиот Залив е широк 24 км во најширокиот дел и се протега 160 км северно од Тиранскиот Проток, каде Израел се среќава со Египет и Јордан.

Како и крајбрежните води на Црвеното Море, заливот е едно од најдобрите места во светот за нуркање. Подрачјето е особено богато со корали и други места со значајна морска биоразновидност.

Градови

уреди

На северниот крај од заливот има три позначајни града: Таба во Египет, Ејлат во Израел и Акаба во Јордан. Ова се стопански важни пристаништа и летувалишта. Појужно се наоѓа најголемиот саудиски град на заливот — Хакл. Најважни центри на Синајскиот Полуостров се Шарм ел-Шеик и Дахаб.

Најнаселено место е Акаба, со 108.000 жители (2009), по кое следи Ејлат со 48.000 жители (2009).

Граници

уреди

Меѓународната хидрографска организација ја опишува јужната граница на заливот како „Линија што се протега од ’ртот ел-Фасма југозападно до островот Рекин (27°57′N 34°36′E / 27.950° СГШ; 34.600° ИГД / 27.950; 34.600) низ островот Тиран до неговата југозападна крајна точка, а потоа западно на напоредникот (27°54' СГШ) до брегот на Синајскиот Полуостров“.[1]

Туризам

уреди
 
Корал и риби во заливот

Заливот е едно од најпопуларните места за нуркање во светот — крај брегот на Ејлат годишно нуркаат 250.000 луѓе, и тоа сочинува 10% на туристичките приходи.[2]

Друго популарно место источно од северниот крај на заливот е долината Вади Рум. Покрај тоа, посетени места се археолошките наоди на цивилизацијата железно од време кај Ејла во Акаба и местото кајшто се одиграла Битката кај Акаба во Првата светска војна предводена од Лоренс од Арабија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Граници на океаните и морињата, III изд“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
  2. Artificial Reefs and Dive Tourism in Eilat, Israel Dan Wilhelmsson, Marcus C. Öhman , Henrik Ståhl and Yechiam Shlesinger Ambio, Vol. 27, No. 8, Building Capacity for Coastal Management (Dec., 1998), pp. 764-766 Published by: Allen Press on behalf of Royal Swedish Academy of Sciences [1]Програма за животна средина на ООН посет. 17 декември 2014 г (англиски)

Надворешни врски

уреди

28°45′N 34°45′E / 28.750° СГШ; 34.750° ИГД / 28.750; 34.750