Палестинска Самоуправа
Палестинската самоуправа (најчесто, Палестина) е автономна административна организација што номинално управува со делови од Западниот брег и целиот појасот Газа (кои се дел од Палестинските територии).
Палестинската самоуправа е основана во 1994 година, согласно со Договорот од Осло помеѓу Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и израелската влада.
Прв претседател на Палестинската самоуправа беше Јасер Арафат, а негов наследник и денешен претседател е Махмуд Абас. На парламентарните избори во јануари 2006 година радикалното исламистичко движење Хамас ја победи ПЛО и формира влада на чело со Исмаил Ханија. Тензиите помеѓу Хамас и Фатах во текот на 2006 година стануваат се поизразени и почнуваат да добиваат насилни облици. Во судирите што избувнаа од 14 до 16 јуни 2007 година, Хамас ја презеде контролата над Појасот Газа.
Административна поделбаУреди
Согласно Договорот од Осло, Палестинските територии Западен Брег и Појас Газа се поделени на три подрачја (А, Б и В) и 16 области под Палестинска Самоуправа. Од 2007 наваму, две посебни управи полагаат право на власт врз Палестинската Самоуправа - едната на Западниот Брег, а другата во Појасот Газа.
Име | Население (2007)[1] |
Површина (км2) |
Густина (жит/км2)[2] |
---|---|---|---|
Западен Брег | 3.269.700 | 5.671 | 417,86 |
Појас Газа | 1.816.539 | 360 | 3.934,83 |
Вкупно | 5.086.239 | 6.031 | 627,80 |
Западен БрегУреди
Област[3] | Население[3] | Површина (км2)[3] |
---|---|---|
Џенин | 556.212 | 583 |
Тубас | 88.771 | 372 |
Тулкарм | 358.213 | 239 |
Наблус | 586.380 | 592 |
Калкилија | 100.753 | 164 |
Салфит | 79.464 | 191 |
Рамала и ел-Бира | 548.018 | 844 |
Ерихон | 81.724 | 608 |
Ерусалим (вклуч. Источен Ерусалим припоен од Израел) |
462.521 | 344 |
Витлеем | 376.515 | 644 |
Хеврон | 751.129 | 1.060 |
Вкупно | 3.609.700 | 5.671 |
Појас ГазаУреди
Област[3] | Население[3] | Површина (км2)[3] |
---|---|---|
Северна Газа | 270.245 | 61 |
Газа | 696.410 | 70 |
Дејр ел-Бала | 205.534 | 56 |
Хан Јунис | 370.979 | 108 |
Рафа | 273.371 | 65 |
Вкупно | 1.816.539 | 360 |
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ . "Факти и информации за Палестина: Население". Палестинско академско друштво за изучување на меѓународните односи. (консултирано на 24 октомври 2012) Архивирано на 24 септември 2012 г. (англиски)
- ↑ Во 2010 г, вкупата густина е зголемена на 681 жит/км2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Окупирана палестинска територија: Административни единици“. GeoHive. Посетено на 24 октомври 2012. (англиски)