Evanescence
Evanescence (транскрипција: Еванесенс) — американска рок-група која ја составиле пеајачката/пијанистката Ејми Ли и гитаристот Бен Муди во Литл Рок, Арканзас во 1995 г.[1][2] По неколкуте приватни албуми, бендот во 2003 година го издал својот прв студиски албум наречен Fallen во соработка со издавачката куќа Wind-up Records. Продадени се повеќе од 17 милиони примероци ширум светот,[3] a групата има освоено две греми награди за овој албум.[4] Една година подоцна, во 2004 бендот го издаде својот прв албум во живо, Anywhere but Home, од кој се продадени повеќе од милион примероци ширум светот. Во 2006 тие го објавија нивниот втор албум, The Open Door од кој се продадени 5 милиони примероци.[5]
Evanescence | |
---|---|
Потекло | Литл Рок, Арканзас, САД |
Жанрови | Подолу |
Период на активност | 1995–[1] |
Издавачи | Wind-up |
Мреж. место | www.evanescence.com |
Членови | |
Ејми Ли Тери Балсамо Тим Макорд Вил "Сајенс" Хант Вил Хант | |
Поранешни членови | |
Бен Муди Дејвид Хоџес Роки Греј Џон Лекомпт Вил Бојд |
Во меѓувреме дојде до промена на составот на бендот. Бендот го напуштија: Дејвид Хоџес во 2002 година, гитаристот Бен Муди во 2003, басистот Вил Бојд во 2006, а гитаристот Џон Лекомпт и тапанарот Роки Греј во 2007. Последните две промени довеле речиси до распаѓање на бендот, со многу мал број членови на настапите во живо. Во јуни 2009 година, Ејми Ли на официјалната страна на групата објавила дека групата работи на нов албум. Магазинот Билборд го ранкирал бендот на #71 место на најдобри артисти на декадната табела.[6]
Историја на бендот
уредиФормирање на бендот и раните години:1995–2001
уредиГрупата ја формирале пејачката, пијанистката и текстописецот Ејми Ли и поранешниот гитарист Бен Муди. Тие двајца се запознале во 1994 година во кампот за млади во Литл Рок кога Бен ја слушнал Ејми како ја свири на клавир песната „I'd Do Anything For Love (But I Won't Do That)„.[7] Нивните први песни биле „Solitude“ i „Give Unto Me“, кои ги напишала Ејми, и „Understanding“ и „My Immortal“, кои ги напишал Муди. Песните ги уредувале и двајцата музичари па затоа имале еднакви заслуги.
Две од песните на Ли и Муди биле пуштени на локалните радио станици, со што се зголемила популарноста на групата и се појавило барање за концерт. Бендот набргу се појавил во живо и станал еден од најпопуларните во околината. По експериментирањето со имиња како Childish Intentions и Stricken, ти решиле бендот се вика Evanescence што значи „бледеење“ или „снемување“ (според зборот evanesce, што значи „да бледее“ ).[8] На Ејми Ли тоа и се допаднало бидејќи звучело 'мистериозно и таинствено'.
Првиот демо албум Origin e релативно непознат и од него има 2500 примероци кои се продавале на концертите на бендот. Бендот исто така издал и два други мини-албуми. Првиот е Evanescence EP издаден во 1998 година чии стотина примероци служеле како промотивен материјал за раните години на бендот. Вториот е Sound Asleep EP издаден во 1998 којшто е познат и како Whisper EP од кој се издадени само 50 примероци. Овие албуми содржат некои демо верзии на некои песни од деби албумот Fallen. Ејми Ли и Бен Муди ги бодреле обожавателите да ги спуштаат и постарите песни од Интернет.[9][10]
Fallen и Anywhere but Home: 2002-2005
уредиВо почетокот на 2003 на групата ѝ се придружиле, Џон Лекомпт, Роки Греј и Вил Бојд, кои биле пријатели на Ејми Ли и Бен Муди и помагале во пишувањето на некои од нивните песни. Во меѓувреме групата потпишала договор со издавачката куќа Wind-up Records и почнала да работи на првиот студиски албум Fallen. Промоцијата на албумот ја направиле во соработка со Нинтендо, компанија која продава видео игри. Тие биле промотери на нивната турнеја во 2003.[12]
Fallen беше 43 недели на врвот на Билборд списокот на најпродавани албуми.[13] Продадени се преку 15 милиони примероци, ширум светот,[4] од кои 7 милиони се продадени во САД, каде албумот добил 7x Платинска сертификација.[14] На Билбордот на Топ 200 албуми се задржа 104 недели,[15] а е еден од осумте албуми кои се задржале повеќе од една година во првите 50.[се бара извор]
Првиот сингл од албумот Fallen, „Bring Me to Life“ на кој гостува Паул Maкој од групата 12 Stones беше светски хит кој се најде на 5. место на Американската Билборд Хот 100 листа,[16] како и на прво место во Велика Британија.[17] Синглот во 2004 освои 2 греми награди за „Најдобра Хард Рок Изведба“ и „Најдобар Нов Изведувач“, а беше номиниран уште во две категории.[18] Еднакво популарната „My Immortal“ се искачила на #7 во САД и на табелите во Обединетото Кралство,[16] и двете песни се користени во акциониот филм Daredevil. Другите два сингла од Fallen се „Going Under“ (#5 САД Модерни Рок Песни,[16] #8 Обединетото Кралство) и „Everybody's Fool“ (#36 САД Модерни Рок Песни,[16] #23 Обединетото Кралство); за кои се снимани и музички видеа.
Во октомври 2003 додека траела европската турнеја на албумот Fallen Бен Муди го напуштил бендот поради „креативни несогласувања“.[19] Неколку месеци подоцна Ејми Ли во интервју изјавила дека ако нешто не се променело во групата, тие не би можеле да го снимат нивниот втор студиски албум. Повеќето од луѓето биле збунети од оваа изјава бидејќи уште од почетокот на формирањето на бендот Ејми и Бен биле најдобри пријатели.[20] Подоцна Ејми изјавила дека откако тој заминал од бендот, полесно се работело и не постоела таа тензија која ја имало кога тој работел со нив.[20][21] Бен Муди го заменил Тери Балсамо од групата Cold.[22]
Во 2004 групата ја објавиле ДВД/ЦД компилацијата насловена како Anywhere but Home. На дискот се наоѓаат снимки од концертот во Париз како и бекстејџ слики. На дискот се наоѓаат и песните „Missing“, која подоцна е издадена како сингл, „Breathe No More“ користена во филмот Електра, „Farther Away“ и песната од Korn, „Thoughtless“ која е препеана од Evanescence.
The Open Door: 2006-2009
уредиНа 14 јули 2006 година, било изјавено дека Вил Бојд го напуштил бендот бидејќи "не сакал да оди на уште една голема турнеја" и сакал „да биде близок со својата фамилија“. Ејми Ли на неофицијална страница на бендот Evanescence изјавила дека Тим Макорд, формер гитаристот од бендот Revolution Smile, ќе свири бас наместо Бојд.[23]
Веста за вториот студиски албум ја кажала Ејми Ли на неоофицијалната страна на бендот, EvBoard.com.[24] Работењето на вториот студиски албум одело бавно, поради другите проекти на членовите на бендот, поради мозочниот удар на Тери Балсамо, поради желбата на Ејми Ли албумот да биде успешен како претходниот и поради загубата на нивниот менаџер.[25] Иако Ли на Evboard кажала дека албумот ќе биде завршен до март 2006,[26] издавањето било одложено од страна на издавачката куќа за да може да се направат неколку промени на првиот сингл „Call Me When You're Sober“ кој се појавил на радио дури во август 2006. Албумот The Open Door бил издаден во Канада и САД на 3 октомври 2006 година;[13] во Англија на 2 октомври 2006; а во Австралија на 30 септември 2006 година.[27] Само првата недела во САД се продале 447.000 примероци со што албумот достигнал прво место на Билборд Топ 200 листата, со што станал 700-от #1 албум на Билборд од 1956[15][28] Спотот за песната „Call Me When You're Sober“ е заснован на приказната за Црвенкапа, а снимени се спотови и за песните „Lithium“, „Sweet Sacrifice“ и „Good Enough“.The Open Door можел да се нарача пред време на iTunes Store на 15 август 2006, а исто така и музичкото видео за „Call Me When You're Sober“.
Турнејата за албумот The Open Door почнала на 5 октомври 2006 во Торонто и ги вклучувала локациите во Канада, САД, и Европа во текот на таа година. Оваа прва турнеја продолжила на 5 јануари 2006 и ги вклучувала изведбите во Канада (со бендот Stone Sour), Јапонија и Австралија (со бендот Shihad), a потоа се вратиле во САД за да ја започнат втората турнеја за албумот.[29][30] Како дел од нивната турнеја, Evanescence изведувале на 15 април 2007 на аргентинскиот фестивал Quilmes Rock 07 со бендовите Aerosmith, Velvet Revolver и другите локални бендови.[31] Тие учествувале и на Family Values Tour 2007 заедно со Korn и другите бендови.[32][33] Групата ја затворила Европската турнеја со концерт во Амфи во Раанана, Израел на 26 јуни 2007[34] и ја завршиле турнејата за албумот на 9 декември 2007 година.[35]
На 4 мај 2007 година Џон Лекомпт изјавил дека бил отпуштен од бендот и кажал дека Роки Греј исто така одлучил да го напушти бендот.[36] Wind-up добиле соопштение дека двата нови членови, тапанарот Вил Хант и гитаристот Трој Меклавхорн од бендот Dark New Day ги замениле Лекомпт и Греј.[37] Веднаш билло изјавено дека новите членови, Вил Хант и Трој Меклавхорн ќе учествуваат во Evanescence за време на Family Values Tour во септември 2007,[38] но и двајцата продолжиле и за време на турнејата за албумот The Open Door.[35]
Evanescence: 2009-сега
уредиНа мрежното место на бендот Ејми Ли објавила дека бендот работи на материјал за третиот албум кој требаше да биде издаден во 2010 година. Исто така таа изјавила дека нивната музика ќе биде „подобра, посилна и поинтересна“.[5] Бендот одржа тајно шоу во Manhattan Center Grand Ballroom во Њуjорк на 4 ноември 2009. Картите за шоуто се продале за неколку минути. Подоцна тие исто така имале изведба во Саун Пауло, Бразил на 8 ноември 2009 година.[39][40]
Evanescence влегле во студиото на 22 февруари за да снимаат нов материјал.[41] Вил „Сајенс“ Хант се придружил на бендот како тапанар и програмер, додека Вил Хант се вратил како втор тапанар.[42] Дејвид Кемпбел, кој претходно работел на The Open Door, бил задолжен за жичените инстументи,[43] а продуцент на албумот ќе биде Стив Лилвајт.[44] Подоцна Ли рекла дека „Стив не се совпаѓаше добро“ и оттогаш бил заменет за продуцентот Ник Раскулинез.[45]
Кога бендот тогаш влегол во студиото, албумот требало да излезе во август или септември во 2010 година.[46] На 21 јуни, Ејми Ли изјавила на EvThreads.com дека членовите на Evanescence моментално го напуштиле студиото за подоцна со „бистри глави“ да го направат албумот. Исто така таа изјавила дека нивната издавачка куќа Wind-Up поминува низ "тешки времиња", што ќе предизвика албумот да биде издаден подоцна.[47][48]
Според вест од Wind-Up, бендот повторно ќе влезе во студиото во почетокот на април со продуцентот Ник Раскулинез, кој исто така е продуцент на Alice in Chains и Foo Fighters, за да продолжат да работат на третиот албум.[49][50] Албумот треба да излезе на есен во 2011 година.[49]Трој Меклавхорн изјавил дека се вратил повторно во бендот откако го напуштил пост-гранџ бендот Seether, но менаџментот на Evanescence подоцна го негирал тоа.[51]
Во интервју со Spin, Ејми Ли рекла дека таа напишала неколку песни на харфа, вклучувајќи ја баладата „Secret Door“ и „My Heart is Broken“. Друга песна, „Oceans“, „почнува со голем, низок синтисајзер, а потоа се вклучува бендот“, рекла Ли. „Многу се забавувавме кога ја свиревме таа песна.“ За темата на албумот Ли рекла, „Јас се инспирирам од природата. Океанот стана тема. Скршеноста стана помалку застапена, без да се нуди решение.“[45] На 12 јуни 2011, Ејми Ли изјавиле преку својот профил на Твитер дека Трој Меклавхорн официјално се вратил во бенодт и и дека албумот ќе биде издаден на 4 октомври 2011 г.[52] Бендот го снимил албумот во Нешвил.[53] За време на интервју со Kerrang!, Ли открила дека насловот на новиот албум ќе биде Evanescence.[54][55]
Evanescence ќе изведуваат на Rock on the Range во Винипег на 20 август 2011.[56] Тие ќе имаат настапи и на Rock in Rio на 2 октомври 2011 со Guns N' Roses и System of a Down како и бразилските изведувачи Pitty и Detonautas Roque Clube.[57]
Други проекти
уредиЕјми Ли изјавила дека напишала песна за филмот Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и ормарот во 2005, ама продуцентите на филмот ја одбиле песната бидејќи била многу „мрачна“. Ли подоцна кажала дека песната била само „уште една од добрите работи [на The Open Door]“.[58] Уште една песна која требало да се појави во истоимениот филм била „Lacrymosa“, која Ејми ја напишала инспирирана од работата на Моцарт.[59] Меѓутоа продуцентите на филмот кажале дека во дискот со музика од филмот не било испланирано да се појави каква било музика од Evanescence.[60]
На 23 јануари 2010 бендот ја издал „Together Again“, песна од албумот The Open Door која не била вклучена за време на неговото издавање во 2006 година, со цел да се соберат пари за донирање на обновувањето на Хаити после земјотресот.[61] Песната е издадена за дигитално спуштање на 23 февруари 2010 година. Според Ејми Ли, песната била напишана за филмот за Нарнија и инспирацијата дошла од истоимениот филм.
Музички стил
уреди“ | Ние сме дефинитивно рок бенд, но пресвртот е во тоа што музиката на бендот е епска, драматична, дарк рок. | ” |
—Ејми Ли за жанрот на Evanescence[62] |
Критичарите се поделени во мислењата за тоа дали Evanescence е рок или метал бенд, но повеќето од нив ги идентификуваат како еден вид на готик бенд: Публикациите како The New York Times, Rough Guides, Rolling Stone и Blender ги идентификуваат Evanescence како готик метал акт,[2][63][64][65] додека NME, MusicMight, IGN и Popmatters ги идентификуваат како готик рок.[66][67][68][69] Тие се споредени со повеќе бендови од различни жанрови, ну метал ансамбли како P.O.D. и Linkin Park,[70][71] готик метал групи како Lacuna Coil,[72] и симфониски метал групи како Nightwish и Within Temptation.[73] Дејвид Броун од Blender ја опишал музиката на бендот како „готик Христијански ну-метал.“[69][74] Адријан Џексон од My Dying Bride кажал дека музиката на Evanescence е слична како неговата готик метал група, но во поголема комерцијална насока.[75] Други жанрови со кој е спореден бендот се алтернативен метал,[67][76] алтернативен рок,[67][68] хард рок,[67] електроника[66] и чамбер поп.[77]
Отпрвин албумите на Evanescence се продавале само во христијански продавници. Подоцна бендот им дал на знаење дека не сакаат да бидат сметани како дел од христијанскиот рок жанр.[78] Тери Хемингс, извршен директор на христијанската музика, кажал, „Тие точно разбраа дека албумот ќе биде продаван на каналите [на христијанската музика].“[79] Претседателот на Wind-Up Records, Алан Мелтзер преку новините во април 2003 објавил дека сака нивната музика да биде преместена од малопродажните продавници.[80] Во 2006, Ејми Ли кажала за Билборд дека таа сакала нејзиниот бенд да биде сметан како „христијански бенд“ од самиот почеток.[81]
Членови на бендот
уреди- Сегашни
- Ејми Ли – главен вокал, клавир, тастатура (1995–сега)
- Тери Балсамо – гитара (2003–сега)
- Тим Макорд – бас (2006–до сега)
- Вил Хант – тапани (2010-сега; живо, 2007 и 2009)
- Вил "Сајенс" Хант – тапани (2010–сега)
- Поранешни
- Бен Муди– гитара (1995–2003)
- Дејвид Хоџес – тастатура, клавир, тапани, следечки вокал (1999–2002)
- Роки Греј – тапани (2002–2007)
- Џон Лекомпт – гитара, следечки вокал (2002–2007)
- Вил Бојд – бас (2003–2006)
- Трој Меклавхорн - ритмички гитари (2007-2008)
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- Fallen (2003)
- The Open Door (2006)
- Evanescence (2011)
- Synthesis (2017)
- The Bitter Truth (2021)
Награди и номинации
уредиГодина | Награда | Категорија | Номинирана работа | Резултат |
---|---|---|---|---|
2003 | Kerrang! Награди | Најдобар Интернационален Новодојденец | Evanescence | Победа |
2003 | MTV Европски Музички Награди | Најдобра Песна | "Bring Me to Life" | Победа |
2003 | MTV Европски Музички Награди | Најдобра Група | Evanescence | Номинација |
2003 | MTV Европски Музички Награди | Најдобар Нов Акт | Evanescence | Номинација |
2004 | Греми Награди | Најдобар Нов Артист[18] | Evanescence | Победа |
2004 | Греми Награди | Најдобра Хард Рок Изведба[18] | "Bring Me to Life" | Победа |
2004 | Греми Награди | Албум на Годината[18] | Fallen | Номинација |
2004 | Греми Награди | Најдобар Рок Албум[18] | Fallen | Номинација |
2004 | Греми Награди | Најдобра Рок Песна[18] | "Bring Me to Life" | Номинација |
2004 | Светски музички награди | Најдобар Рок Артист | Evanescence | Победа |
2005 | Греми Награди | Најдобра Поп Изведба од Дуо или Група[82] | "My Immortal" | Номинација |
2006 | MTV Европски Музички Награди | Најдобар Рок | Evanescence | Номинација |
2007 | Kerrang! Награди | Најсекси женски изведувач | Ејми Ли | Победа |
2007 | MTV Австралија Награди | Албум на Годината | The Open Door | Победа |
2007 | MTV Европски Музички Награди | Rock Out | Evanescence | Номинација |
2008 | Греми Награди | Најдобра Хард Рок Изведба[83] | "Sweet Sacrifice" | Номинација |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Amy's Story“. OutoftheShadows.com. Посетено на 2008-07-04.
- ↑ 2,0 2,1 Berelian, Essi (2005). The Rough Guide to Heavy Metal. London: Rough Guides. стр. 114–115. ISBN 1-84353-415-0.
- ↑ „The Official Site || The Open Door – Available Now“. Evanescence. Посетено на April 14, 2011.
- ↑ 4,0 4,1 „Second Cup Cafe: Amy Lee Of Evanescence“. CBS News. November 10, 2007. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ 5,0 5,1 Hartzler, Amy (June 19, 2009). „News: Will the real Slim Shady please stand up?“. Evanescence.com. Посетено на 2009-06-19.
- ↑ Best of the 2000s artists of the Decade Retrieved April 14, 2011
- ↑ D'Angelo, Joe (February 27, 2004). „Evanescence: The Split“. MTV. Архивирано од изворникот на 2006-11-13. Посетено на 2011-02-10.
- ↑ „Evanescence“. Encyclopedia of Arkansas. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ „Evanescence EPs and pre-Fallen Material“. EvanescenceReference.info. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ „Interview with DC101 radio on February 24, 2003“. EvanescenceReference.info. February 24, 2003. Архивирано од изворникот (MP3 audio) на 2007-02-26. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ „Evanescence Font“. Draftlight.net. Архивирано од изворникот на 2012-01-06. Посетено на 2008-01-31.
- ↑ Serra, Brian (August 12, 2003). „Evanescence, Nintendo Fusion Tour“. ShowandTellOnline.com, Семрежен архив. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-09-28.
- ↑ 13,0 13,1 Evanescence.com (26 април 2006). "Evanescence steps through "The Open Door"". Соопштение за печат. Архивирано на 2 мај 2006 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-05-20. Посетено на 2011-02-10.
- ↑ „Duffy's Dazzling Debut“. RIAA. July 27, 2008. Архивирано од изворникот на 2008-09-12. Посетено на 2009-01-10.
- ↑ 15,0 15,1 Hasty, Katie (October 11, 2006). „Evanescence zooms by Killers to take #1“. Billboard. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 16,3 „Evanescence – Artist Chart History“. Billboard. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ „All The Number 1 Singles“. TheOfficialCharts.com. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 18,5 „46th Grammy Awards – 2004“. RockontheNet.com. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Fuoco, Christina. „Evanescence: Biography“. AllMusic.com. Посетено на 2010-05-23.
- ↑ 20,0 20,1 Bakker, Tiffany (January 9, 2004). „Moody Blues“. Sydney Morning Herald. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ “” (September 16, 2008). „Amy lee habla de ben moody“. YouTube. Посетено на 2011-01-05.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ D'Angelo, Joe (January 16, 2004). „Evanescence Name New Guitarist“. MTV News via VH1. Архивирано од изворникот на 2008-06-12. Посетено на 2008-08-20. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Harris, Chris (August 10, 2006). „Evanescence Set For Fall Tour; Amy Lee Reveals Inspiration Behind 'Sober'“. MTV News via VH1.com. Архивирано од изворникот на 2006-08-26. Посетено на 2008-08-20. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Harris, Chris (July 14, 2006). „Evanescence Lose Bassist; Amy Lee Vows To Stay On Schedule“. MTV News via VH1.com. Архивирано од изворникот на 2008-06-12. Посетено на 2008-08-20. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Evanescence – Bio“. Evanescence.com. Архивирано од изворникот на 2007-02-09. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Lee, Amy (January 20, 2006). „EvBoard – i love my album :)“. EvBoard.com. Архивирано од изворникот на 2006-02-16. Посетено на 2011-02-10.
- ↑ „Evanescence steps through 'The Open Door' – Amy Lee in love with new songs“. Sony BMG Music Entertainment. May 3, 2006. Архивирано од изворникот на 2006-10-11. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ „Call Me When You're Sober“. JB Hi-Fi. Архивирано од изворникот на 2008-04-02. Посетено на 2008-04-02.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Official 2007 tour information“. Evanescence.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ „Complete tour dates“. EvanescenceTheOpenDoor.com. Архивирано од изворникот на 2006-11-07. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ „Quilmes Rock 2007“. VuenosAirez.com (шпански). Архивирано од изворникот на 2007-03-04. Посетено на 2007-04-29.
- ↑ Moss, Corey; Chris Harris (March 26, 2007). „Korn, Evanescence, Hellyeah Top Family Values Tour Bill“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2008-04-19. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ „Family Values Tour Coming To A City Near You! – Evanescence News“. Wind-up Records via Evanescence.com. Посетено на 2008-08-20. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ Saba, Rula (June 26, 2007). „Evanescence rocks the park“. Ynetnews. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ 35,0 35,1 Lee, Amy (December 9, 2007). „Closing the Open Door“. EvThreads.com. Архивирано од изворникот на 2012-04-03. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Gittelson, Gerry (May 4, 2007). „Rock act Evanescence on the rocks“. Los Angeles Daily News. Архивирано од изворникот на 2008-08-01. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Wind-up Records via Blabbermouth.net (17 мај 2007). "New Lineup Announced". Соопштение за печат. посет. 20 август 2008 г
- ↑ „Korn, Evanescence Backing Musicians Vow To Carry On With Dark New Day“. Blabbermouth.net. May 19, 2007. Архивирано од изворникот на 2009-06-27. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Harris, Chris (November 5, 2009). „Evanescence Return to the Stage at "Secret" New York Gig“. Rolling Stone. Посетено на 2009-11-21.
- ↑ „Evanescence Returns To Live Stage, Taps Finger Eleven Guitarist“. Blabbermouth.net. November 5, 2009. Архивирано од изворникот на 2009-11-18. Посетено на 2009-11-21.
- ↑ H, Ollie (February 23, 2010). „Black Label Society Reveals New Drummer“. MetalUnderground.com. Посетено на February 24, 2010.
- ↑ Goodman, William (March 5, 2010). „Amy Lee on the New Evanescence Album“. Spin. Посетено на March 6, 2010.
- ↑ Weingarten, Christopher R (March 2, 2010). „Evanescence Go Electro As Lee Has 'Fun With Music' on Next LP“. Rolling Stone. Посетено на March 2, 2010.
- ↑ Smith, Barnaby (February 24, 2010). „Steve Lillywhite Keen To Replace Cowell On 'American Idol'“. Spinner.com. Архивирано од изворникот 2012-12-09. Посетено на February 24, 2010.
- ↑ 45,0 45,1 http://www.spin.com/articles/amy-lee-talks-evanescences-comeback-lp
- ↑ Florino, Rick (February 26, 2010). „Evanescence is Back“. ArtistDirect.com. Архивирано од изворникот на 2010-03-01. Посетено на March 1, 2010.
- ↑ Lee, Amy (June 21, 2010). „What's Up“. EvThreads.com. Архивирано од изворникот на 2012-01-06. Посетено на July 16, 2010.
- ↑ „New Evanescence Album Delayed?“. Blabbermouth.net. July 7, 2010. Посетено на July 16, 2010.
- ↑ 49,0 49,1 http://d1hy8grd0ezprp.cloudfront.net/evanescence/newalbum.pdf
- ↑ „BLABBERMOUTH.NET – Updated: EX-SEETHER Guitarist Has NOT Rejoined EVANESCENCE“. Roadrunnerrecords.com. December 1, 2007. Посетено на April 14, 2011.[мртва врска]
- ↑ „Interview: Will Hunt talks new Evanescence album | Rhythm Magazine | BlabberMouth.net“. Roadrunnerrecords.com. Посетено на April 14, 2011.[мртва врска]
- ↑ Lee, Amy (June 12, 2011). „Twitter / Amy Lee YES!! I'm proud to announc ...“. Twitter. Посетено на June 13, 2011.
- ↑ Titus, Christa (June 20, 2011). „Amy Lee: New Evanescence Album is 'Much More of a Band Collaboration'“. Billboard. Посетено на 2011-06-21.
- ↑ „We're Breaking All the Rules!“. Kerrang!. June 25, 2011. стр. 8.
- ↑ Montgomery, James (June 23, 2011). „Evanescence Return With 'Dark, Beautiful' Self-Titled Album“. MTV. Архивирано од изворникот на 2011-06-25. Посетено на June 23, 2011.
- ↑ „MTS Rock On The Range Canada :: Saturday, August 20 2011 :: Winnipeg“. Mtsrockontherange.ca. February 15, 2006. Архивирано од изворникот на 2011-06-13. Посетено на April 14, 2011.
- ↑ „Rock in Rio – Evanescence é a última banda confirmada (португалски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на португалски]]“. Rock in Rio. May 10, 2011. Посетено на 7 June 2011. URL–wikilink conflict (help)
- ↑ Lee, Amy (December 2, 2005). „EvBoard – A Bunch Of Stuff!!!“. EvBoard.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-15. Посетено на 2011-04-18.
- ↑ Reesman, Bryan (2006). „The Essence of Evanescence“. Metal Edge. 52 (11): 5–10. ISSN 1068-2872. Архивирано од изворникот 2008-04-21. Посетено на 2011-02-10.
- ↑ „Wardrobe closed to Evanescence singer“. The New Zealand Herald. November 27, 2007. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ United Nations Foundation (22 јануари 2010). "Evanescence Teams Up With the United Nations Foundation to Raise Money for Victims of the Earthquake in Haiti". Соопштение за печат. посет. 22 јануари 2010 г Архивирано на 8 февруари 2010 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-02-08. Посетено на 2011-06-07.
- ↑ G., Rory. „Amy Lee (II) Biography“. IMDB. Посетено на June 7, 2011.
- ↑ Chaplin, Julia (February 8, 2008). „A NIGHT OUT WITH: Amy Lee; The Goth Candidate“. The New York Times. Посетено на 2009-02-22.
- ↑ Sheffield, Rob (October 5, 2006). „Evanescence: The Open Door“. Rolling Stone. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Catucci, Nick (August 7, 2003). „Evanescence (live concert)“. Blender. Архивирано од изворникот на 2009-01-13. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ 66,0 66,1 „Evanescence“. NME. UK. Посетено на 2009-02-20.
- ↑ 67,0 67,1 67,2 67,3 „Evanescence biography at Musicmight“. MusicMight. Архивирано од изворникот на 2012-11-07. Посетено на 2009-02-20.
- ↑ 68,0 68,1 Thompson, Ed (October 4, 2006). „Evanescence – The Open Door review“. IGN. Архивирано од изворникот на 2009-06-30. Посетено на 2009-02-20.
- ↑ 69,0 69,1 Begrand, Adrien (May 23, 2003). „Evanescence: Fallen“. PopMatters. Посетено на 2009-02-20.
- ↑ Miller, Kirk (March 25, 2003). „Evanescence: Fallen“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2006-10-22. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Loftus, Johnny. „Fallen“. Allmusic.com. Посетено на August 11, 2008.
- ↑ Begrand, Adrien (May 12, 2006). „Lacuna Coil: Karmacode“. PopMatters.com. Посетено на 2008-04-29.
- ↑ Begrand, Adrien (January 24, 2005). „Nightwish: Once / Over the Hills and Far Away“. PopMatters. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Browne, David (2006). „Evanescence: The Open Door“. Blender. Архивирано од изворникот на 2009-02-27. Посетено на August 11, 2008.
- ↑ Grow, Kory (2007). „My Dying Bride“. Decibel (28). Архивирано од изворникот на 2007-01-15. Посетено на August 11, 2008.
- ↑ Loftus, Johnny (2004). „Anywhere But Home“. Allmusic.com. Посетено на August 11, 2008.
- ↑ „Fallen – Evanescence“. AOL Music. Посетено на December 16, 2010.[мртва врска]
- ↑ „Evanescence Interview Ignites Christian Music Controversy“. Yahoo! Music. April 16, 2003. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Kaufman, Gil (April 15, 2003). „Evanescence Fall From Grace“. Rolling Stone. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Price, Deborah Evans (April 16, 2003). „Evanescence Set Pulled From Christian Distribution“. Billboard news. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Conniff, Tamara (September 12, 2006). „Evanescence leader Lee unlocks 'Door'“. Reuters /Billboard via Entertainment News. Архивирано од изворникот 2007-08-27. Посетено на 2011-03-28.
- ↑ „47th Grammy Awards – 2005“. RockontheNet.com. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ „50th Grammy Awards – 2008“. RockontheNet.com. Посетено на 2008-08-20.
<ref>
со назив „d1hy8grd0ezprp.cloudfront.net“ определена во <references>
групата „“ нема содржина..Надворешни врски
уреди„Evanescence“ на Ризницата ? |
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Нора Џонс |
Греми Награди за Најдобар Нов Артист 2004 |
Наследник Maroon 5 |