Георги Прванов

Георги Седефчов Прванов (бугарски: Георги Седефчов Първанов) е политичар од Бугарија и претседател на Република Бугарија, избран е на 18 ноември 2001 г. Пред тоа бил претседател на Бугарската социјалистичка партија.

Георги Прванов
Георги Първанов
Прванов во 2008
3. претседател на Бугарија
На должноста
22 јануари 2002 – 22 јануари 2012
Премиер Симеон Сакскобургготски
Сергеј Станишев
Бојко Борисов
Потпретседател Ангел Марин
Претходник Петар Стојанов
Наследник Росен Плевнелиев
Лични податоци
Роден(а) 28 јуни 1957(1957-06-28)(67 г.)
Сириштник, Бугарија
Партија Алтернатива за бугарска преродба (2014)
Други припадности БКП (1981–1990)
БСП (1990–2002; 2012–2014)
независен (2002–2012)
Сопружник Зорка Прванова (в. 1983)
Деца Владимир, Ивајло
Установа Софиски универзитет
Награди Орден на Јужниот крст
Потпис

Прванов е роден во селото Сириштник, Перничко на 28 јуни 1957. Пораснал во соседното село Косача. Георги Прванов е оженет и има два сина. (2005 г.)

Образование и квалификации

уреди

Во 1975 Прванов завршил математичката гимназија во Перник. Во 1981 г. дипломирал на Историскиот факултет на СУ „Св. Климент Охридски“ - Софија. Во 1988 г. докторирал во областа на историјата со тема „Димитар Благоев и бугарскиот национален проблем 1879-1917“.

Научна кариера

уреди

Во 1981 г. се вработува во Институтот за историја на БКП како научен соработник. Од 1989 година е виш научен соработник. Во периодот 19921996 е директор на Центарот за историски и политиколошки истражувања кон Вишиот Совет на БСП.

Политичка кариера

уреди

Член е на БСП од 1981 до 2001 г. На 41-от конгрес на БСП (3-6 јуни 1994 г.) е избран за заменик-претседател на ВС на БСП. На 42-от вонреден конгрес на БСП (21-23 декември 1996 г.) е избран за претседател на ВС на БСП. На 43-от (1 и 2 мај 1998г.) и на 44-от конгрес на БСП (6 и 7 мај 2000г.) е реизбран за претседател на ВС на БСП.

Народен пратеник е во 37-то Народно собрание (1994-1997 г.), 38-то Народно собрание (1997-2001 г.) и 39-то Народно собрание. Претседател е на парламентарната група за соработка со Грција и член е на парламентарната Комисија за радио и телевизија (1994-1997 г.), претседател на Парламентарната група на Демократската левица (1997-2001 г.) и на Парламентарната група на Коалицијата за Бугарија во 39-то Народно собрание.

Избран е за претседател на Република Бугарија на изборите во ноември 2001 г. Стапува на должност на 22 јануари 2002 г.

Се сметаа, дека владината коалиција БСП-НДСВ-ДПС, која што е на власт во Бугарија по парламентарните избори во 2005 г., е не само поткрепена, но и создадена од него.

Бил таен соработник на Државна сигурност во сектор РИК (Разузнаване "История и култура") пред 1990 година. Работел по “македонското прашање” под името “Гоце” како уредник на книгата “Габерот” од Методи Димов, емигрант од Македонија, соработник на бугарските агенти.

Извори

уреди


  • [1] Архивирано на 29 септември 2007 г. “Гоце” беше секретен сътрудник