Борис Христов

Бугарски оперски пејачи

Борис Христов бил светски познат бугарски оперски пејач (бас) со потекло од Македонија.

Борис Христов
Роден 18 мај 1914
Пловдив, Бугарија
Починал 28 јуни 1993
Рим, Италија
Борис Христов
Борис Христов

Биографиjа

уреди

Борис Христов е роден во фамилиjата на Кирил Совичанов од Битола, главен уредник на списанието Илустрација Илинден и водач на Илинденската организација во Бугарија. Маjка му била со потекло од Русија.[се бара извор] Уште како дете бил пејач во хорот на Храм-споменик Свети Александар Невски во Софија. Завршил право во Софискиот универзитет. Од 1930 бил член на софискиот хор "Гусла", а во 1942 добил државна стипендија и отишол да студира во Милано, Италиjа. Во наредните години кариерата на Христов го одвела кон врвовите на светската опера - настапувал во прочуената оперска сала Ла Скала во Милано, операта на Рим, Ковент гарден во Лондон, Метрополитен опера во Њујорк, а исто така и во уште многу светски центри на операта - Барселона, Рио де Жанеиро, Сан Франциско и други. Во текот на Студената војна немал право да се врати во Бугариjа дури до 1967 година. По 1970 се поретко настапувал, а неговиот последен концерт бил одржан во Бугарската академиjа во Рим во 1986 година. Погребен е во Бугариjа. Неговите наjпознати оперски улоги се од опери на Џузепе Верди и руски композитори како Модест Мусоргски.

Наводи

уреди