Роза Топузова Каревска

политичарка

Роза Топузова Каревска (родена на 26 јули 1954 во Прилеп) — македонски политичар и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. Член е на Либерално-демократската партија од 1994 година. Дипломирала на археологија и историја на уметност и е магистер на археологија. Работела во Институтот за старословенска култура во Прилеп.

Во периодот 2002-2006 е пратеник во Собранието, а од 2003-2007 и прв Генерален Секретар на ЛДП. На парламентарните избори во 2006 го добива вториот пратенички мандат (во првата изборна единица). Прогласена е за најревносен и најактивен пратеник во овој состав на Собранието.[1]

Наводи

уреди
  1. „Пратеничката Роза Топузова- Каревска најревносен пратеник“. Утрински Весник. 27 февруари 2007. Посетено на 20 август 2013.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди