Пајонија (општина)

општина во Егејска Македонија
(Пренасочено од Ениџевардарско)
Општина Пајонија
Δήμος Παιονίας

Карта на општината Пајонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Кукуш
Гео. област: Бојмија
Население: 30.528 (2021)
Седиште: Гуменџе
Нас. места: 52
Пошт. бр.: 613 00
Пов. бр.: 23430-4
Портал: paionia.gov.gr

Пајонија (грчки: Δήμος Παιονίας, Димос Пеонијас) — општина во централниот дел Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Гуменџе. Населените места традиционално се сметаат за гуменџиски, кукушки или ениџевардарски (пазарски). Општината е наречена по некогашната горномакедонска област Пајонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Населени места

уреди

Општината Пајонија е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“ со спојување на општините - Ашиклар (Европос), Бојмица (Аксиуполи), Гуменџе (Гумениса) и Ругуновец (Поликастро), како и општинската целина Голема Ливада (Ливадија).[1]

Општинска единица Ашиклар

уреди
 
Поранешната општина Ашиклар на картата на некогашниот округ Кукуш.

Општинската единица Ашиклар со седиште во Ашиклар (Европос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:

  • Општински оддел Ашиклар
  • село Ашиклар (или Ашиклари, Шиклари, Шиклара; Ευρωπός, Европос)
  • Општински оддел Бубаќево
  • Општински оддел Кушиново
  • Општински оддел Петрово
  • село Петрово (или Петрево; Άγιος Πέτρος, Агиос Петрос)
  • Општински оддел Тумба

Општинска единица Бојмица

уреди
 
Поранешната општина Бојмица на картата на некогашниот округ Кукуш.

Општинската единица Бојмица со седиште во Бојмица (Аксиуполи) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:

  • Општински оддел Бојмица
  • Општински оддел Горгопик
  • Општински оддел Карасинанци
  • Општински оддел Љумница
  • Општински оддел Мајадаг
  • Општински оддел Оризарци
  • Општински оддел Сехово

Општинска единица Голема Ливада

уреди
 
Поранешната општина Голема Ливада на картата на некогашниот округ Кукуш.

Општинската единица Голема Ливада се состои од само едно населено место — селото Голема Ливада (Λιβάδια, Ливадија).

Општинска единица Гуменџе

уреди
 
Поранешната општина Гуменџе на картата на некогашниот округ Кукуш.

Општинската единица Гуменџе со седиште во Гуменџе (Гумениса) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:

  • Општински оддел Гуменџе
  • Општински оддел Баровица
  • Општински оддел Крива
  • Општински оддел Либаово
  • Општински оддел Петгас
  • село Петгас (или Петг’с; Πεντάλοφο, Пендалофо)
  • село Рамна (Ομαλό, Омало)
  • Општински оддел Тушилово
  • Општински оддел Црна Река

Општинска единица Ругуновец

уреди
 
Поранешната општина Ругуновец на картата на некогашниот округ Кукуш.

Општината е создадена во 1986 г. со спојување на општините Ругуновец и Вардино. Општинската единица Ругуновец со седиште во Ругуновец (Поликастро) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:

  • Општински оддел Ругуновец
  • град Ругуновец (или Кара Суле; Πολύκαστρο, Поликастро)
  • село Спанчово (или Спанчево; Λατομείο, Латомио)
  • Општински оддел Аматово
  • Општински оддел Вардаровци
  • Општински оддел Вардино
  • село Вардино (или Вардено; Λιμνότοπος, Лимнотопос)
  • село Нова Кавала (Νέα Καβάλα, Неја Кавала) новосоздадено
  • село Ситарија (Σιταριά) новосоздадено
  • село Хрисокамбос (Χρυσόκαμπος) новосоздадено
  • Општински оддел Драгомир
  • Општински оддел Ересели
  • село Ересели (или Ресели; Ποντοηράκλεια, Пондоираклија)
  • село Арџан (или Хараџиново; Κάστρο, Кастро)
  • Општински оддел Колиби
  • село Колиби (Ειρηνικό, Иринико или Καλύβια Γιαννελλαίων, Каливија Ѓанелеон)
  • Општински оддел Крастали
  • Општински оддел Мачуково
  • село Мачуково (Εύζωνοι, Евзони)
  • село Бајалци (Πλατανιά, Платанија)
  • место Стражарница (Τσολιάδες, Цолијадес) — место на граничниот премин новосоздадено
  • село Чидемли (Μεταμόρφωση, Метаморфоси)
  • Општински оддел Ореовица
  • село Ореовица (или Ореховица; Πευκοδάσος, Певкодасос)
  • Општински оддел Смол
  • село Смол (Μικρό Δάσος, Микро Дасос)

Поранешни населени места

уреди

На територијата на денешната општина Пајонија се наоѓале и следниве поранешни села:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски

уреди