Готлоб Фреге
Фридрих Лудвиг Готлоб Фреге (германски: Friedrich Ludwig Gottlob Frege; 8 ноември 1848 Висмар — 26 јули 1925 Бад Клајнен) — германски математичар, логичар и филозоф. Еден од основачите на современата математичка логика и аналитичка филозофија. Се смета за еден од најголемите логичари на сите времиња. Неговото дело „Поимно писмо“ (Begriffsschrift) е најважната книга во историјата на логиката од основањето на предметот од страна на Аристотел, па сè до тој момент.
Фридрих Лудвиг Готлоб Фреге | |
---|---|
Фотографија на Фреге од 1879 година | |
Роден(а) | 8 ноември 1848 Висмар, Мекленбург-Шверин, Германија |
Починал(а) | 26 јули 1925 Бад Клајнен, Мекленбург-Шверин, Вајмарска Република | (возр. 76)
Значајни дела | „Поимно писмо“ (Begriffsschrift; 1879) „Основите на аритметиката“ (1884) |
Период | Филозофија во XIX век Филозофија во XX век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Аналитичка филозофија |
Претежна дејност | Филозофија на математиката, математичка логика, филозофија на јазикот |
Значајни идеи | логика од прв ред, предикатна логика, логицизам |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
|
Најголемиот дел од својата научна кариера го поминал на Универзитетот во Јена. Држел предавања од многу области како математика, поконкретно држел предавања по аналитичка геометрија, диференцијални равенки, механика, и покрај тоа што поголемиот дел од неговите математички трудови биле од областа на логиката. Најзначајните трудови му биле од областите: логика, математичка филозофија и филозофија на јазикот. Една позната реченица на Фреге е: „Секој добар математичар е барем половина филозоф, а секој добар филозоф е барем половина математичар.“
Во 1879, Фреге ја конструирал првата варијанта на предикатното сметање. Таа била многу слична на денешната, и покра тоа што Фреге користел друга нотација. Фрегеовото откритие за квантификаторот кој врзува променливи, се смета за едно од најголемите откритија на XX век.
Фреге сакал да покаже дека целокупната математика може да се сведе на логика, но во тоа не успеал. Развил специфична филозофија на јазикот која и денеска многу филозофи ја сметаат за значајна.
Литература
уреди- Архива: „Историја на математиката“ Архивирано на 4 февруари 2009 г. (англиски)
- За Готлоб Фреге на Стенфордската енциклопедија на филозофијата (англиски)
Наводи
уреди- ↑ "Frege's Technical Concepts", in Frege Synthesized: Essays on the Philosophical and Foundational Work of G. Frege, L. Haaparanta and J. Hintikka, Synthese Library, D. Reidel, 1986, pp. 253–295
- ↑ "Frege's Technical Concepts" in Frege Synthesized: Essays on the Philosophical and Foundational Work of G. Frege, L. Haaparanta and J. Hintikka, Synthese Library, D. Reidel 1986 pp. 253–295 ([1])
Надворешни врски
уреди- Готлоб Фреге на Ризницата ?
- Фреге на проектот Генеалогија
- Целокупен водич до материјалот на Фреге достапен на интернет од Брајан Карвер.
- Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Готлоб Фреге“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)