Пчеларство
Пчеларство (или апикултура, од латински apis - пчела) — чување на пчелни колонии, најчесто во сандаци од страна на луѓето. Пчеларот ги одгледува пчелите со цел да добие мед, други производи, како: пчелин восок, прополис, полен и матична млеч, за опрашување на некои култури или за производство на пчели за продажба на други пчелари. Во Македонија во 2012 година биле произведени 603 тони мед.[1]
Историја на пчеларствотоУреди
Во одреден момент, луѓето почнале да ги населуваат пчелите во вештачки кошници, направени од дрвени кутии, керамички садови и ткаени сламени кошови. Во Египет пчелите биле чувани уште од антиката.[2] Во Стара Грција аспекти за животот на пчелите и пчеларството биле дискутирани од Аристотел.
Пчеларството како мотив во уметностаУреди
- „Пчелар“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[3]
НаводиУреди
- ↑ Организација на обединетите нации за исхрана и земјоделство (FAO) [1] Архивирано на 19 август 2016 г.
- ↑ Пчеларството во Стар Египет
- ↑ Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 41.
Надворешни врскиУреди
- Пчеларски портал „Пчелар“ со пчеларски форум (македонски)
Оваа статија поврзана со земјоделството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |